9.8 C
Скопје
18:08 - 30 март, 2026

ПЛАНИРАТЕ ОДМОР ВО СЕПТЕМВРИ? Еве неколку совршени предлози за вас

море

Септември за многумина е идеален месец за одмор, бидејќи е начин да се избегнат гужвите и да се ужива покрај море на раат. Сепак, времето може да залади, бидејќи, сепак, е крај на сезоната.

Но, одредени дестинации обезбедуваат поволни услови за одмор и релаксација во септември иако истиот има свои предности и недостатоци.

Не е толку топло и постои можност за дождливи денови. Морето е се уште топло од летните месеци, нема толку многу гужва по плажите, а цените на аранжманите во повеќето случаи се исто така пониски.

Лефкада

 


Јонскиот остров крие некои од најубавите грчки плажи на кои ќе може да уживате во септември. Температурата на Јонското Море е околу 25 степени Целзиусови во септември, што значи дека ќе можете да пливате. Морето е всушност потопло во септември отколку во јули, а дождливите денови обично се очекуваат на крајот на месецот.

Овој септември, просечната дневна температура ќе биде околу 28 степени. Островот е идеален за мирен одмор и уживање во таверни, истражување на дивите плажи кои се најфотографирани во цела Грција.

Крит

Бидејќи ова е најјужниот грчки остров, таму летните временски услови траат најдолго. Ќе уживате во медитеранските предели без туристи, така што ги има сите услови за вистински одмор. Температурата на морето во септември е околу 24 Целзиусови степени.

На Крит се очекува топол септември, со температури околу 30 степени Целзиусови. Ова се совршени временски услови за истражување на некои од најзначајните атракции на Крит како што се минојските палати и манастири.

Португалија

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Europe in Photos (@europe.in.photos)

Има ли подобар начин да го поминете септември од уживање во португалското вино, храна и музика? Покрај тоа, провинцијата Алгарве гарантираат топло време, бидејќи е најјужна.

Овој септември, просечната температура ќе биде 26 Целзиусови степени. Заштитен знак на регионот се плажите со бел песок, покрај архитектурата и пејзажите што го одземаат здивот.

Анталија

 

View this post on Instagram

 

A post shared by alper (@alper.kct)

Ова турско одморалиште одржува високи летни температури и во текот на септември. На самиот крај на сезоната, сместувањето во хотел станува најповолно, што е дополнителен плус. Морето е исто така многу топло, така што просечната температура е околу 26 степени Целзиусови.

Овој септември, се предвидуваат температури до 32 Целзиусови степени во Анталија. Плажите се долги и песочни, морето е тиркизно.

Мајорка

Се вели дека на овој шпански остров, владее „вечна пролет“ со причина – сончевите денови траат цела година. И во септември преовладуваат летните температури, а оваа година просекот ќе биде околу 32 Целзиусови степени.

„Бисер на Балеарските Острови“ е остров полн со прекрасни плажи, лагуни и заливи. Исто така, е светска дестинација која често ја избира светскиот џет сет.

Египет

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ronjenje Hurgada (@ronjenjehurgada)

Без разлика дали ќе изберете Шарм или Хургада, не ви бега совршениот период за нуркање во Египет. Морето е топло, околу 27 степени, а температурата на воздухот се намалува од 40 и нешто на околу 35 степени, така што е поподносливо отколку во јули и август.

Слични објави

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо
Се вчитува....