8.8 C
Скопје
23:58 - 19 октомври, 2026

НЕСЕКОЈДНЕВЕН ДЕЛИКАТЕС: Џем од домати и сланина (РЕЦЕПТ)

Оваа необична зимница е вистински деликатес кој можете да го мачкате на леб, да го користите со тестенини, а нема да одолеете ниту да „крадете“ со лажичка.

Потребни состојки:

250 гр сланина
350 гр зрели домати
Малку лук
25 гр кафеав шеќер
Малку бел шеќер
Малку сол
Една лажичка црвен пипер
Малку чили
Лажичка јаболов оцет

Подготовка:

Исчистете ги доматите од зелените рачки. Сланината исецкајте ја ситно и пржете ја на нелеплива тава. Поради големата количина може да треба да го направите тоа во неколку „тури“.

Ставете ја испржената сланина настрана. Одвојте три лажички маст од сланината и исчистете ја тавата. Вратете ја маснотијата и прорпжете ги доматите. Гответе на силен оган, додека да провријат доматите заедно со другите зачини и состојки, а потоа намалете. Мешајте, додека џемот да се згусне. Измешајте со сланината.

Во тегла во фрижидер може да стои и до две недели.

Слични објави

Тајната на совршено похуваниот ослич и трикот за коричка што не се распаѓа

Т.Ц.

Рецепт за чорба од тиква, идеална за сите што имаат проблеми со желудникот, цревата и црниот дроб

Т.Ц.

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо

Иконата што постојано се враќала кај изворот: Легендата за манастирот „Пречиста“ кај Кичево

Т.Ц.

Време е за зимница: Туршија со црвен кромид

Т.Ц.
Се вчитува....