8.8 C
Скопје
20:56 - 29 март, 2026

Не користете пластичен прибор додека готвите: Хемикалиите стигнуваат до храната!

После многу испитувања научниците се согласија дека пластичниот прибор и останатите пластични алатки за готвење, треба да се избегнуваат додека го спремаме нашето јадење.

Пластиката е токсична и како таква може да му наштети на здравјето на црниот дроб и тироидните жлезди, прердупредуваат научниците од Германија.

Особено е важно да не користите пластика доколку готвите храна на температура над 70 степени.

Научниците велат дека многу пластични лажици за готвење содржат штетни материи – олигомери, кои на температура над 70 степени директно стигнуваат до храната.

Доколку во голема доза стигнат во организмот, би можеле да го оштетат црниот дроб и предизвикаат заболување на штитните жлезди. Исто така, хемикалиите од пластиката се поврзуваат и со неплодноста, ракот и вишокот на холестерол.

Ова е само уште едно од истражувањата кои потврдуваат дека пластиката која се користи во индустријата за храна, отпушта штетни токсини кои успеваат да стигнат до вашиот ручек, а подоцна и до нашиот организам.

Многу пластични лажици и останати алатки се направени од синтетички хемикалии за да бидат отпорни на високи температури.

Истражувањата кои се правени на животни, докажуваат дека овие хемикалии предизвикуваат тумури на црниот дроб, панкреасот и тестисите, а штетно влијаат и на плодноста.

Германскиот федерален институт предупредува дека пластиката треба да се држи подалеку од топла храна, бидејќи во контакт со висока температура олигомерите успеваат да стигнат директно до храната.

Слични објави

Предлог за ручек: Полнети компири со мелено месо и кашкавал

Еспресо

Сака сенка, но не поднесува вишок вода – како правилно да ја одгледувате бегонијата?

Еспресо

Италијанскиот „град со две мориња“ е хит на Тикток: „Не би сакале да станеме Чинкве Тере, бидејќи тоа би ја уништило автентичноста на градот“

Еспресо

По повод Светскиот ден на вафлите, ви носиме рецепт за совршено крцкав и мек десерт

Еспресо

Рецепт за превкусни посни шпагети со доматен сос

Еспресо

Како да ги освежите лалињата во вазна? Градинарка откри добар трик, откако тестирала три методи

Еспресо
Се вчитува....