01:19 - 8 ноември, 2026

Едита откри каде ќе се породи! Во шестиот месец е од бременоста, проговори и за породувањето и семејството

Пејачката Едита Арадиновиќ блеска во бременоста и продолжува со настапи, а неодамна се појави и во еден белградски клуб, каде пред публиката отворено зборуваше за промените што ги чувствува.

Таа откри дека е во шестиот месец од бременоста и дека, и покрај состојбата, има многу енергија и желба да работи.

„Фала на комплиментите за изгледот, навистина уживам. Планирам да работам колку што можам подолго, имам многу енергија. Немам чувство дека сум бремена, само што имам стомак. Јадам сè, слатки отсекогаш сум сакала, па ги јадам и сега. Денес влегов во шестиот месец од бременоста. Жал ми е што неодамна не се појавив во Шведска, ќе ми беше многу напорно, бев многу болна“, изјави таа.

Пејачката искрено проговори и за промените што ги носи бременоста, нагласувајќи дека не ѝ е секогаш лесно.

„Килажа, хормони, промени во расположението, немам филтер за луѓе, знам да бидам и дрска… Сето тоа е дел од бременоста. Мајка ми, срце мое, најмногу трпи покрај мене. Таа има многу нерви за мене. Сите барања сама си ги исполнувам, или, ете, мама“, додаде Арадиновиќ.

Таа се осврна и на односот со својата сестра, пејачката Индира Арадиновиќ Инди, откривајќи дека таа била подготвена за нејзините промени во однесувањето.

„Како сестра ми реагира на моите промени во расположението? Па, Инди тоа и го очекуваше! Знаеше да каже дека сите ќе се фаќаме за глава… Сите ќе го разгалиме бебето, тоа е прво бебе во нашето семејство“, изјави таа.

Арадиновиќ додаде дека со таткото на детето е во коректни односи, но не сака повеќе јавно да зборува на таа тема.

„Со таткото на детето сум во добри односи, но не сакам повеќе да зборувам за тоа, веќе го кажав тоа и би сакала така и да остане. Сега сум одговорна, зрела сум, парите ги трошам на храна – тоа е тоа“, истакна пејачката.

Пејачката откри дека паралелно работи на повеќе проекти, и покрај бременоста.

„Работам на една недвижнина, на албум, се планира и концерт, ако даде Бог – на сите страни сум. Ќе се породам во ‘Народен фронт’, мојата докторка е таму. Би сакала да се породам природно. Како што ми расте стомакот, сè повеќе размислувам за породувањето. Постојано вежбам јога, чувствувам промени, не можам некои пози веќе да ги направам“, изјави таа.

Таа додаде дека свесно избегнува да се оптоварува со стравови поврзани со породувањето.

„Мама ми кажуваше колку се болни контракциите, но не сакам премногу да размислувам за тоа. Би сакала веднаш по породувањето да ми го стават бебето на гради. Малку сум параноична по природа, навистина сум. Кога ќе дојде бебето, сè се менува! Приоритетите, вистинските пријатели си доаѓаат на свое место. Ќе има многу љубов… Повеќе ќе се фокусирам на работата“, заклучи Арадиновиќ.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....