16:08 - 31 март, 2026

Направете домашна кремпита повкусна од онаа во слаткарница

Еве како да направите кремпита која е повкусна од онаа во слаткарница…

Кремпитата на многумина им е омилен колач, а многумина со оваа вкусна посластица се враќаат во детството. Направете ја сами дома, еве како:

Состојки:

– шест жолчки

– шест лажици шеќер

– три лажици масло

– три лажици млеко

– шест лажици брашно

За филот

– шест белки

– 19 лажици шеќер

– четири кесички пудинг од ванила

– 1 литар вода

– шеќер во прав за посипување

Подготовка:

Во сад изматете три жолчи, лажица ипол масло, лажица ипол млеко и три лажици брашно.

Кога добро ќе ги изматите овие состојки, смесата налијте ја во плех обложен со хартија за печење и печете на 200 степени.

Истата постапка повторете ја со преостанатите состојки уште еднаш, со цел да испечете и втора кора.

Потоа во сад изматете ги белките и 15 лажици шеќер, преостанатите четири лажици шеќер сипете ги во вода и сварете ја водата, па во тоа згответе го пудингот од ванила и мешајте додека да биде готов. Додека смесата е врела, во неа полека додавајте ги изматените белки, непрекинато мешајки, додека да се соедини смесата.

На кората во плехот налијте ја изматената смеса, па одозгора ставете ја другата кора. Оладете ја кремпитата на собна температура, па дури потоа ставете ја во фрижидер. Исецкајте ја на коцки и посипете ја со шеќер во прав

Слични објави

Предлог за ручек: Полнети компири со мелено месо и кашкавал

Еспресо

Сака сенка, но не поднесува вишок вода – како правилно да ја одгледувате бегонијата?

Еспресо

Италијанскиот „град со две мориња“ е хит на Тикток: „Не би сакале да станеме Чинкве Тере, бидејќи тоа би ја уништило автентичноста на градот“

Еспресо

По повод Светскиот ден на вафлите, ви носиме рецепт за совршено крцкав и мек десерт

Еспресо

Рецепт за превкусни посни шпагети со доматен сос

Еспресо

Како да ги освежите лалињата во вазна? Градинарка откри добар трик, откако тестирала три методи

Еспресо
Се вчитува....