8.8 C
Скопје
10:37 - 31 март, 2026

Најлуксузниот хамбургер пристигна: Доколку сакате да го пробате, потребни ви се само 1600 долари (ФОТО)

Долго време се зборуваше за најскапиот хамбургер во светот кој чинеше 900 долари и се служеше во Јапонија. И додека сите мислевме дека полуксузно од тоа неможе, неодамна овој нов хамбургер го тргна од тронот, со речиси двојно поголема цена.

Имено, Black Gold, хамбургерот кој чини неверојатни 1,600 долари, може да се нарача во „H Bar“ во Хјустон и сигурно е најлуксузното и најраскошко издание на едно јадење досега.

Содржи сецкано wagyu говедско, црни тартуфи и паштета од гуска, при што дополнително е декориран со 24-каратни златни ливчиња, кои исто така се јадат. Овој метален детал е инспириран од Златната грозница, додека црното лепче од бриож омаж од богатата нафтена историја на оваа држава.

Wagуu говедското се набавува од Јапонија и се става на лепче наполнето со кавијар. Сепак, тоа не е се!

Со хамбургерот ќе добиете и златен помфрит и шише 2006 Dom Perignon шампањ.

Слични објави

Предлог за ручек: Полнети компири со мелено месо и кашкавал

Еспресо

Сака сенка, но не поднесува вишок вода – како правилно да ја одгледувате бегонијата?

Еспресо

Италијанскиот „град со две мориња“ е хит на Тикток: „Не би сакале да станеме Чинкве Тере, бидејќи тоа би ја уништило автентичноста на градот“

Еспресо

По повод Светскиот ден на вафлите, ви носиме рецепт за совршено крцкав и мек десерт

Еспресо

Рецепт за превкусни посни шпагети со доматен сос

Еспресо

Како да ги освежите лалињата во вазна? Градинарка откри добар трик, откако тестирала три методи

Еспресо
Се вчитува....