-1.2 C
Скопје
00:09 - 20 декември, 2024

Кога немате идеја што да јадете: 7 здрави оброци за на работното место!

Луѓето на работа поминуваат половина од својот ден. За време на работа грицкаме се што ќе ни дојде при рака, а во комбинација со седењето, тоа не е воопшто добро. Еве што не треба да јадете на работа, и како би требало да започнете да се храните.

1. Природен сок од овошје

Овошјето е поздраво од овошниот сок, но ако сакате овошни сокови, пијте ги во умерени количини, бидејќи тие ви обезбедуваат хранливи материи.

Секогаш бирајте свеж цеден сок од овошје наместо оние кои можете да ги купите во маркетите, кои се полни со шеќер и конзерванси.

2. Зеленчук и хумус наместо сирење и крекери

Кремастата и крцкава комбинацја од сирење и крекери, лесно може да ве наведе да се прејадете. Морковите и хумусот се исто толку пикантни и крцкави, а не содржат заситени масти и празни калории.

3. Домашниот седвич е подобар од купечкиот

Колку пати сте си подготвиле сендвич за на работа?

Освежете се малку и подгответе си сендвич со мешавина од зеленчук и некој намаз како што е хумус, а за ужинка понесете си овошје.

4. Свежо овошје наместо колачи

Јадете овошје во секоја боја, наместо колачи полни со вештачки бои, шеќер, беспотребни калории и масти.

5. Вода наместо газирани пијалоци

Газираните пијалоци и другите вештачки пијалоци се едни од најголемите извори на калории во исхраната.

Избегнувајте ги и наместо нив консумирајте вода или вода со парчиња лимон.

6. Риба наместо плескавица и компири

Наместо да јадете масна плескавица со компири и некој масен сос, јадете лосос или некоја друга риба која ќе ја дополните со некој зеленчук.

7. Овошен јогурт наместо сладолед

Кога ви се јаде нешто благо, наместо да изедете сладолед исецкајте свежо овошје и прелијте го со јогурт.

Оваа е истата комбинација, само што во овошјето и јогуртот нема шеќери и заситени масти.

Слични објави

Село Вишни, духовното гнездо на канонизираната светица Спаса Вишенска: Порта низ која минува душата

еспресо

(Фото) Едно поинакво доживување! Не пропуштајте го рафтингот во Анталија, адреналинско искуство за паметење!

Еспресо

Ново издание на туристички водич за Македонија каде раскажувањето е со љубов

еспресо

(Фото) Ви ги претставуваме Herbalife Pецептите: Вкусно патување кон лесна и здрава исхрана со Herbalife

Еспресо

Украси за елка што се јадат: Миризливи ѕвездички (традиционален германски рецепт)

Еспресо

Брз славски колач за Света Петка: Рецепт што ќе го запомните

Еспресо
Се вчитува....