5.8 C
Скопје
05:36 - 1 април, 2026

Како да подготвите мексиканска салса? (РЕЦЕПТ)

Мексиканската салса од рестораните можеме да ја имаме и дома и да ја користиме како прелив за тестенини, сос како прилог на компири, месо или пак, како додаток со чипс и крекери.

Состојки:

1,6 кг домати
100 мл бело вино
100 гр црвен кромид
2 чешниња лук
Едно чили пиперче
4 лажици маслиново масло
2 лажички сушен босилек
2 лажички зачини по желба

Подготовка:

Ситно исецкајте ги црниот кромид и лукот. Загрејте го маслото и пржете ги кромидот и лукот. Додадете ги сецканите домати, зачините, чилито и можете да додадете и чили во прав за поинтензивен вкус. Оставете да се вари на тивок оган и додавајте од виното. Ако сакате подолго да трае, можете да додадете конзерванс (на оваа доза ставете половина кесичка). Чувајте ги теглите на темно и ладно место.

Слични објави

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

Предлог за ручек: Полнети компири со мелено месо и кашкавал

Еспресо

Сака сенка, но не поднесува вишок вода – како правилно да ја одгледувате бегонијата?

Еспресо

Италијанскиот „град со две мориња“ е хит на Тикток: „Не би сакале да станеме Чинкве Тере, бидејќи тоа би ја уништило автентичноста на градот“

Еспресо

По повод Светскиот ден на вафлите, ви носиме рецепт за совршено крцкав и мек десерт

Еспресо

Рецепт за превкусни посни шпагети со доматен сос

Еспресо
Се вчитува....