9.8 C
Скопје
15:08 - 31 март, 2026

Гурмански викенд: Чоколаден колач со авокадо

Во милион вкусни десерти, го најдовме оној што е поволен и за вегани, а се подготвува за миг. Превкусен десерт, одличен и за оние кои се на диета 

Потребни ви се околу 20 минути и сигурни сме дека вашите домашни ниту ќе се посомневаат дека внатре се крие авокадо. Чоколадниот колач со авокадо ќе ве остави без зборови!

Состојки:

За бисквитот:

– 1,5 чаши урми

– чаша печени бадеми

– чаша пржени пекани

– лажичка морска сол

За кремот:

– 4 големи зрели авокада

– 1,5 чаши кокос крем

– 1,5 чаши незасладен какао во прав

– чаша јаворов сируп

– 1,5 лажички екстракт од ванила

– 1/2 лажичка сол

– 1/8 лажичка морско оревче

– слатка павлака (за декорација)

Подготовка

  1. Ставете ги состојките за бисквит во електричен сечкач и мешајте додека смесата не се соедини. Со прстите, рамномерно притиснете ја смесата во калапот за торта, внимавајќи да добиете рамна површина. Покријте го калапот со фолија за храна и ставете го во фрижидер 10 минути.
  2. Ставете ги состојките на кремот во блендер и мешајте додека не добиете целосно мазен крем. Истурете го кремот врз бисквитите и измазнете со лажица. Ставете ја тортата во фрижидер и оставете да отстои два до три часа.
  3. Изматете го кремот од зеленчук и украсете ја тортата со неа по желба. Кога сервирате, украсете го колачот со авокадо во тенки парчиња во форма на полумесечина. Воодушевување!

Слични објави

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin
Се вчитува....