11:02 - 10 ноември, 2026

ГАЛЕРИЈА | Пустец: грав за политбирото, магариња наместо волови и многу крап

пустец

Таму на маргините на еден заборавен свет на македонско-албанската граница живее едно село

Селскиот туризам – апсолутно шармантен во својата природа, нуди незаменливи и несeкојдневни искуства. И додека истиот сте примамени да го правите некаде низ светот, зошто тоа да не биде тука, во комшии?

Пустец
ФОТО: Архива
пустец 2
ФОТО: Архива

Пустец лежи на Преспанското езеро и од неговиот атар се гледа островот Мал Град. Селото има скромен број на жители и необични локалитети.

Тоа во својот карактер ви нуди да посетите домашен етно музеј во кој ќе налетате на оставштина како стари инструменти, книги, касети од покојниот Драган Вучиќ и карактеристични темни носии.

пустец 4
ФОТО: Архива

 

пустец 7
ФОТО: Архива

 

драган вучиќ пустец
ФОТО: Архива

Во селото има и црква, Св. Архангел Михаил која привлекувала до 106 000 посетители пред почетокот на пандемијата.

Низ него ќе ја забележите препознатливата архитектура на куќи втемелени од камен и дрво на кои често висат низи од пиперки или кромид.

пустец 8
ФОТО: Архива

Кој пошол во селото, не треба да си отиде пред да го проба Преспанскиот крап, кој се служи избрбелан во брашно и испржен, па ги задоволува и најгладните.

пустец крап
ФОТО: Архива
преспански крап пустец
ФОТО: Архива

Карактеристично за селото е што низ него има многу магариња и тоа се должи на нивната употреба од локалното население. Според Ефтим Митревски, вработен во општината Корча за Односи со јавноста – почнавата околу селото е трета или четврта категорија и не содржи доволно влага па затоа се принудени да ја обработуваат почната со плуг, како што го нарекуваат тие, а на народски рало. Во минатото го правеле со волови, а сега се работи вака.

ефтим митревски
ФОТО: Архива

„Тоа што е најважно е дека се произведува био производ особено, гравчето и пченката. Чисто, без никаква загаденост и користиме органско ѓубриво“, вели Ефтим.

пустец магариња
ФОТО: Архива

Во нивното подрачје уште во периодот на централизираната економија од тука се земал грав за целото раководство на политбирото во тоа време. А денес, тој фамозен грав се произведува само за домашна употреба.

пустец 89
ФОТО: Архива

Марија Гегоска

Слични објави

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.

(Фото) Македонската ѕвезда на „Гранд“ — Андријана Петрушовска го прослави 27. роденден во бел сатенски корсет и бордо панталони

К.С.

Дневен хороскоп за 10 ноември: Искрен разговор би можел да ви помогне да решите долгогодишно недоразбирање

Е.А.

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо
Се вчитува....