15:04 - 10 ноември, 2026

ВИДЕО | СПАЈДЕРМЕН No Way Home: Пристигна првиот официјален трејлер

Минатиот викенд започна да кружи клип на социјалните мрежи што изгледаше дека ги потврдува претпоставките од последниве месеци за Spider-Man: No Way Home. Иако клипот беше брзо отстранет, гласините продолжија да се движат со брзина на светлината на социјалните платформи како Твитер и Тик-ток.

По многуте гласини и фотографии од сетот, конечно пристигна првиот официјален трејлер за Spider-Man: No Way Home, повторно во режија Џон Вотс.

Во најновото продолжение на Спајдермен, откриен е вистинскиот идентитет на Спајдермен и јасно е дека животот на Питер Паркер ќе претрпи голема трансформација. Во потрага по решение, нашиот херој ќе се сврти кон докторот Стрејнџ (Бенедикт Камбербач), кој ќе се обиде да му помогне да најде магија што го поништува големото откритие за да ги врати работите како што биле претходно. Штета што нештата ќе излезат од контрола и магијата ќе ги втурне Паркер и Стрејнџ во голема опасност.

Официјалниот трејлер ги опишува овие настани и го најавува враќањето на познати ликови од серијата. Имено, други глумци (и ликови)  од претходните епизоди ќе се вратат во актерската екипа, како Мариса Томеи (тетка Меј) и Зендаја (МЈ).

Трејлерот, сепак, се уште не дава конечен одговор за гласините дека Тоби Мекгваер и Ендрју Гарфилд – другите актери кои го играа Спајдермен/ односно Питер Паркер – ќе се вратат во своите улоги, во другите „временски зони“. Премиерата на Спајдермен No Way Home во киносалите е закажано за Божиќ (2021 година) и, врз основа на реакциите само на трејлерот, ветува дека ќе биде еден од најголемите хитови во филмската индустрија.

Слични објави

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.
Се вчитува....