12.8 C
Скопје
03:28 - 30 септември, 2026

(ФОТО+РЕЦЕПТ) ШЕФ БРАНКО ПОПОСКИ: Домашно слатко од јагоди, домашно си е домашно!

Сезоната на зимници е во тек. А, на наше задоволство и чест, страничките на еспресо.мк ги разубавува и популарниот шеф Бранко Попоски, познат под псевдонимот „Готвиме со Бранко“ („Cooking with Branko“). 
Овој врвен готвач, гастроном и љубител на кулинарството денес ни открива рецепт за подготовка на домашно слатко од јагоди.

Доколку сте во потрага по совршено слатко од јагоди, вистинскиот рецепт е токму овој. За вкусот нема да ви раскажам, мора да се проба. Одлично е во комбинација со палачинки, различни видови на сирења, па дури и за торти, колачи. Слаткото од јагоди е единственото нешто кое ви недостасува за совршен ден.
џем јагоди
фото: приватна архива

Потребни состојки:

1кг. јагоди
1кг. шеќер
1 пакетче лимонтус
1 цеден лимон

Подготовка:

Јагодите убаво измијте ги и исчистете ги од рачките. Во сад со вода (150мл.) се додава лимонтусот, потоа се додаваат дел од јагодите да отстојат во течноста 10 до 15 секунди. Истото го повторуваме и со останатите јагоди. Откако ќе де исцедат јагодите, полијте ги со сок од цеден лимон. Потоа во тенџере ставете ред јагоди ред шеќер, се додека не се потроши целата смеса. Оставете го тенџерето да отстои преку ноќ. До сабајлето јагодите ќе си пуштат сок и ги ставаме да се варат на јак оган. Ова слатко не се промешува, па затоа предлагам тенџерето да е доволно големо за да не може да претече водата. Откако ќе се свари (од 15 до 20 мин.) го тргаме слаткото од оган, ја отстрануваме пената и го покриваме со влажна крпа да отстои 15минути. За тоа време јагодите ќе пуштат повторно вода и затоа после 15 минути го враќаме слаткото уште 5 минути на јак оган. Го тргаме од оган му ја отстрануваме пената и го покриваме со влажна крпа и го оставаме да се излади, па потоа го собираме во тегли. Вака подготвеното слатко нема да собере мувла и да се расипе. Ќе имате вкусен сладок оброк.

фото: приватна архива
џем од јагоди
фото: приватна архива

Слични објави

Малкумина знаат дека мајката на Реља Поповиќ била позната уметница: по смртта на татко му се омажила за славен актер

Еспресо

Тигар направи необичен договор со ќерката на Јована Јеремиќ: „Ако ѝ пријде маж, јави ми се“

Еспресо

Од рок-барот во Скопје до животот во Чикаго: Љубовната приказна на Александра Пилева и Зоран Чадиев

Еспресо

(Фото) Николина Пишек за 8.000 евра месечено ѝ ја изнајмува вилата во Загреб на познатата инфлуенсерка Морана Мамиќ! 

Еспресо

(Фото) „Среќно семејство“: Нивес Целзиус позираше во прегратките на новата девојка на бившиот сопруг

Еспресо

(Видео) Руслана ја отпеа „Лане моје“ во Србија, нејзината изведба предизвика потсмев: „Сите што полудеа, дојдоа кај нас“

Еспресо
Се вчитува....