9.8 C
Скопје
12:11 - 18 декември, 2024

Добар сос може да го „спаси“ вашиот ручек: Најздодевното јадење многу повкусно и неодоливо

Од наједноставниот лесен цитрусен индонезиски сос до американскиот сос за скара, мудар избор како само еден додаток на петочниот ручек може да го направи и најздодевното јадење многу повкусно и неодоливо.

Сосовите не само што имаат моќ да направат рамнотежа и да ги подобрат вкусовите, да додадат сочност и текстура на јадењата, тие ги прават попривлечни на изглед, па дури и најздодевниот ручек или вечера ќе ги „спаси“. Ако сакате да ги подобрите јадењата, совладајте ја техниката на подготовка на сосови.

Почнете со петте основи сосови

Тие се дел од класичната француска кујна и нивната магија е што можат да бидат основа на стотици други сосови и јадења од различни кујни, не само од француската. Тие сосови се:
бешамел – познат како бел сос, овој кремаст сос е комбинација од путер, брашно и млеко. Се користи во јадења како лазањи, макарони и сирење, полнети компири, а исто така е база за сосови со сирења, како што е монреј.

Холандез – сосот е комбинација од лимонов сок и путер, кои се додаваат во матени жолчки. Со него јајцата бенедикт се превкусен појадок, а исто така е основа за француски сосови какви што е бернис.

Еспањол сос – се прави со редукција на супа направена од зеленчук, свинско, јунешко месо и коски, згуснат со путер и брашно. Овој кафеав сос е превкусен и се сервира со печено месо како јунешко, свинско или паткино. Се користи како база за други сосови, меѓу кои и бургуњон.

Сос велуте – за да го приготвите овој сос, бистрата супа треба да ја згуснете со комбинација од путер и брашно. Овој едноставен сос е добар за лесни јадења како риба, варено пилешко и може да се користи како база за други како бел сос со вино и сос суприм.

Сос томат – комбинацијата од месо, солена сланина, моркови, кромид и домати, згусната со путер и брашно е најчесто користен сос во многу светски кујни. Доматниот сос се користи како додаток од јадења на скара до коктели.

Изберете квалитетни состојки

За да не погрешите во подготовката, прво и најважно е да ги приберете сите потребни производи на едно место. Така ќе си олесните додека готвите, наместо да трчате и земате продукти од фрижидерот или од шпајзот, концентрирани ќе бидете на подготовка на сосот и нема да направите грешка. Исто така, пред да почнете со готвење, проценете колкава количина сос ви е потребна за конкретниот оброк. Приберете ги и сите потребни алатки од садови до прибор за готвење.

Секако, важно е да изберете квалитетни производи. Ниту најдобриот професионален готвач нема да направи вкусен сос ако има омекнати стари домати, мувлосана пченка и сл. Изберете свежи овошја и зеленчуци, цврсти на допир и сјајни, без видливи оштетувања.

Покрај сето ова, не плашете да комбинирате зачини. Тие ќе му дадат посебен мирис и вкус на сосот. Додека готвите редовно пробувајте за да видите дали е добро зачинет сосот и да не претерате.
И за крај, не заборавајте на киселоста. Ако сосот ви се чини дека е едноличен и нема вкус, доволен е мал додаток на кисело, а тука не се мисли само на оцет. Во сосовите одлично се комбинираат јаболков оцет, лимон, лимета, портокал дури и некое појако вино.

Слични објави

Село Вишни, духовното гнездо на канонизираната светица Спаса Вишенска: Порта низ која минува душата

еспресо

(Фото) Едно поинакво доживување! Не пропуштајте го рафтингот во Анталија, адреналинско искуство за паметење!

Еспресо

Ново издание на туристички водич за Македонија каде раскажувањето е со љубов

еспресо

(Фото) Ви ги претставуваме Herbalife Pецептите: Вкусно патување кон лесна и здрава исхрана со Herbalife

Еспресо

Украси за елка што се јадат: Миризливи ѕвездички (традиционален германски рецепт)

Еспресо

Брз славски колач за Света Петка: Рецепт што ќе го запомните

Еспресо
Се вчитува....