8.8 C
Скопје
09:59 - 27 октомври, 2026

„Кога излеговме на состанок, ми кажа дека е оженет“: Николина Пишек бара партнер на апликација за запознавање

Водителката Николина Пишек не крие дека би сакала да си најде партнер, а сакала да ја испроба својата шанса за љубов и на апликација за запознавање.

Таа отворила профил, но се претставува само кога чувствува дека може да комуницира со соодветен партнер.

Во една емисија, Николина отворено зборувала за фактот дека се обидела да си најде партнер во виртуелниот свет.

– Ја пробав таа позната апликација и таму не сум со моето име и презиме. Таму постојам без глава. Прво, испитувам ситуации каде што некој ми изгледа евентуално погоден, а потоа започнувам лесна комуникација – откри Пишек.

Како што открила, дури и решила да излезе на состанок со маж, кој ѝ дал шокантни информации на состанокот.

– Ако мислам дека имам соодветен соговорник, тогаш се претставувам, а потоа тој или: А – бега , или Б – се охрабрува и доаѓа на состанок и ми кажува дека е во брак. Тие знаат да кажат: „Знаеш што, јас сум некако женет, не сум многу женет. Па ако не ти пречи…“. Секако дека му велам дека не сакам ништо да имам со оженет маж – рекла таа во подкастот „Без пардон со Ида“.

Николина вели дека зад себе има тежок период и дека во минатото не можела ни да замисли дека нејзиниот живот ќе биде ваков.

– Сакав да го слушам Рахманинов со мојот сопруг, сакав среќно семејство, да бидам во брак долго време… – рече Николина Пишек.

Слични објави

Сува кожа, испукани усни и чешање — како студеното време влијае врз нашата кожа?

К.С.

Дневен хороскоп за 27 октомври: Пред да донесете важна одлука, проверете ги сите детали

apostolova

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.

По гласините дека се повлекува од естрадата Ана Николиќ најави големо враќање: „Ви благодарам што бевте со мене, се гледаме во Арена“

Еспресо

Нивес Целзиус во правна битка со поранешниот сопруг – не се откажува од својот дел од имотот

Еспресо
Се вчитува....