30.8 C
Скопје
12:57 - 16 август, 2026

БЕЗ МАНА со АНА: Чоколадни Вегански Барови од САМО 5 состојки (ВИДЕО РЕЦЕПТ)

Читателите на нашето печатено издание веќе имаат прочитано за Ана Аврамова. Во текот на минатата година, во неделниот магазин за здрав живот, за прв пат се запознавме со нашата омилена веган-девојка. Ана има 29 години, доаѓа од сончевата Гевгелија, веган е веќе неколку години и за кулинарството има и диплома, а од првиот момент кога ги здогледавме слатките рецепти кои таа сама ги подготвува, веднаш и го доделивме епитетот гастро-уметник!

Минатата недела имавме можност да научиме како да направиме супер брзи и вкусни чоколадни пудинг топчиња со авокадо. Оваа недела, учиме како да направиме чоколадни вегански барови со индиски ореви (рецепот се состои од само 5 примарни состојки!). Од редакција тврдиме дека овој рецепт најверојатно ќе стане еден од вашите омилени рецепти, бидејќи ние тука „прсти излижавме“! Не заборавајте да го користите хаштагот #БезМана доколку ги приготвите рецептите, и секако, не пропуштајте ја следната епизода на Без Мана со Ана, само на Слободна ТВ, секој петок во 10 часот.

 

Слични објави

Авантурата на Иван и Спасе – од Радовиш со стар автомобил до луксузот во Монте Карло

Еспресо

Сите очи вперени кон Сонцето: При затемнувањето птиците престануваат да пеат, животните се однесуваат чудно

Еспресо

Лавандата лесно се одгледува, а со еден едноставен трик ќе цвета цело лето

Т.Ц.

Четири освежителни салати од краставици и мал трик што го менува вкусот

Т.Ц.

(Фото) Пет европски бисери што вреди да ги посетите пред да станат прескапи и преполни со туристи

Еспресо

Пудингот од бајат леб е стар англиски десерт што повторно освојува: со боровинки и бело чоколадо станува неодолив летен десерт

Т.Ц.
Се вчитува....