13.8 C
Скопје
19:53 - 20 октомври, 2026

АЕРО-КИК СО КОСТОВСКА: Вежбајте за здравје, секако сите сте убави!

Државната шампионка во кик-бокс, закитена со многу награди на меѓународни натпревари и сопственичка на Б.К. „Кисела Вода – Јуниор“ Марија Костовска, со слоганот „тело за лето се прави во зима“, секојдневно ги мотивира жените „послушно да ја следат“.

Интензивно работиме на себе, а после секој тренинг сите сме во „зен“, фото – приватна архива

Активирање на сите телесни мускули, брзо топење на масни наслаги, исфрлање на негативна енергија, а со тоа зачувување на психичкото здравје, обликување на телото и доведување во топ форма, превенција од сите болести предизвикани од гојазност, се само дел од придобивките од тренирањето на аеро-кик.

Аеро-кик, како спорт е совршена комбинација од аеробик вежби и кик-бокс, наменет за жени со „бунтовен дух“ кои сакаат да го доведат своето тело до совршенство.

За тренинзите на аеро-кик таа вели дека станува збор за многу динамични вежби кои го активираат секој мускул, а со тоа телото се тонизира и ги снемува масните наслаги.

фото – приватна архива

– Пандемијата со Ковид-19 за жал на сите влијаеше многу лошо, како на физичката, така и на психичката состојба. Кик-боксот и боксот се мојата страст и љубов, па преку нив најдов совршена комбинација на вежби со која ќе им помогнам на жените во ова лошо време. Конечно мерките се олабавени па се собираме во сала и интензивно работиме на себе, а после секој тренинг сите сме во „зен“, истакна Костовска.

Таа нагласи дека максимално се труди секој тренинг да е различен, прво за на сите да им биде интересно и да останат мотивирани, а истовремено подеднакво да се работи на секој дел од телото.

Дисциплината е дефинитивно нејзината најдобра карактеристика, па како жените и девојките, така и дечињата кои ги тренира бокс ги учи на таа добра навика во ова „нездраво време“.

фото – приватна архива

– Децата се мојата прва љубов, како и боксот. Моето десетгодишно искуство сакам да го пренесам на новите генерации. Покрај на дисциплина, децата се учат на здрави навики. Секој спорт е добар и дефинитивно препорачувам спорт за секое дете. Се трудам уште од мали нозе таа љубов да им ја вкоренам. Среќни се, се дружат, многу се трудат, а тоа е нешто што мене ме исполнува секојдневно и ми дава мотив за се повеќе да работам, вели Костовска.

Марија тренинзите со аеро-кик и бокс за деца ги одржува во сала во Кисела Вода која е одлично опремена, па секој кој сака може да се приклучи и да ужива во тоа прекрасно искуство.

Таа порачува „вежбајте за здравје, секако сите сте убави“!

Слични објави

(Фото) Во страстен занес со 14 години помладиот сопруг – Гоца Тржан и Раша уживаат во зајдисонцето на Маврициус

Еспресо

Тату-артистот Горан Миќиќ за борбата со ракот: „Ме оперираа осум и пол часа, да не беше жена ми, ќе паднев во тешка депресија“

К.С.

Јована Јеремиќ најави шокантни информации за Каспер: „Мина не е единствената жртва, има и други!“

Еспресо

Глумеше од душа и донесе милиони насмевки, а почина заборавен од сите: Пред 23 години нè напушти легендарниот Чкаља

Еспресо

Ви се замаглуваат прозорците? Едноставен трик со производ што го имате во бањата може да помогне против кондензацијата

К.С.

(Фото) Маја Шупут уживаше во вечерно излегување со новото момче: „Маса само за нас двајца“

Еспресо
Се вчитува....