7.8 C
Скопје
21:24 - 31 март, 2026

Трикови со кои ќе го победите непријатниот мирис на потта

Потењето е нормална и здрава појава, но понекогаш може да ни предивика проблеми и да не доведе во непријатна ситуација. Иако постојат козметички препарати кои ефикасно ги спречуваат непријатните мириси понекогаш тоа не е доволно, па потребно е да обрнете внимание на дневните навики.

Редовната дневна хигиена која вклучува туширање и нанесување на дезодоранс е најдобар начин за спречување на непријатниот мирис на потта, но потребно е да се посвети внимание и на некои секојдневни навики. Доколку и покрај хигиенската рутина не можете да го избегнете непријатниот мирис од пот применете некој од овие совети:

  •  Редовно одстранувајте ги влакненцата под пазувите на кои се собираат дополнителни бактерии
  •  Јадете помалку месо, особено црвено и избегнувајте брза и зачинета храна
  • Избегнуввајте алкохол и намирници кои влијаат на мирисот на пот како што се лукот и кромидот
  • Носете исклучително облека од природен матерјал и не ја носете повеќе од еднаш доколку непријатно се потите
  • Дневно испиете еден литар чај од жалфија, бидејќи тој ефикасно го намалува потењето и ширењето на непријатната миризба.
  • Еднаш или повеќе пати неделно направете пријатна купка и во неа додадете една чаша природен јаболков оцет
  • Физичките активности предизвикуваат зајакнато потење, но на тој начин се отфрлаат токсините од телото, па потта во комбинација со дневната хигиена нема да има толку силен непријатен мирис
  • Еднаш неделно измијте го целото тело со сода бикарбона, особено добро истријте ги пазувите, оставете да делва околу 5 минути, па исплакнете се.
  • Избегнувајте конзумирање на претерано ладни или врели пијалоци, бидејќи тие предизвикуваат зголемено потење

Слични објави

Вака подготвениот појадок го држи шеќерот под контрола и го намалува ризикот од дијабетес

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Фејслифтинг – хармонија помеѓу годините и природната убавина

Еспресо

Веќе не е јаболковиот оцет, нов „чудотворен напиток“ се пие за здравје и убавина – експертите предупредуваат да се внимава

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Менструален циклус – што е во рамките на нормалното?

Еспресо

Намалете го холестеролот без лекови – што да јадете, а што да избегнувате?

Еспресо

Ако пролетните алергии и за вас се ноќна мора, еве како да си помогнете

Еспресо
Се вчитува....