23.8 C
Скопје
16:00 - 20 октомври, 2026

СЗО: Коронавирусот мутирал откако почнал да се шири низ светот

Новиот коронавирус мутирал и неговата варијација доминира во светот кој, според истражувачките тимови од Америка и од Велика Британија, е три до шестпати позаразен од оригиналниот вид овој вирус со потекло од Кина.

Речиси 30 отсто примероци од геномот на вирусот причинител ковид-19 што ги собрала Светската здравствена организација (СЗО) имале знаци на мутација, но нема докази дека тоа довело до потешка форма на болеста, рече функционерката на таа организација.

– Мислам дека тоа е мошне распространето. СЗО собра 60.000 примероци на вируси досега – рекла Сомија Сваминатан, главен научник на СЗО, за „Ројтерс“ на маргините на конференцијата на Здружението на новинари на ОН (АКАНУ) во Женева, објави Хина.

Научниците од истражувачкиот центар „Скрипс“ овој месец откриле дека до април кај 65 отсто случаи на болести во светот станувало збор за мутираниот вирус.

Генетската мутација на новиот коронавирус, со ознака D614G, значително ја зголемува неговата способност да ги зарази клетките, па би можело да објасни зошто болеста во северна Италија и во Њујорк се ширела побрзо отколку порано во текот на пандемијата, оцениле во студијата.

Мутираниот вирус циркулирал во Европа и во Америка

Марија ван Керхов, епидемиолог од СЗО, рекла дека мутираниот сој на вирусот е идентификуван уште во февруари и кружел во Европа и во Америка.

– Засега нема докази дека тоа води кон потешка форма на болеста – рекла таа.

Лидерот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, рекол дека организацијата наскоро треба да ги добие резултатите од клиничките испитувања на лековите што би можеле да бидат ефикасни во лекувањето на ковид-19.

– Речиси 5.500 пациенти во 39 земји во моментов се вклучени во испитувањата – рекол тој, осврнувајќи се на клиничките испитувања што ги води агенцијата на ОН.

Слични објави

Како треба да вежбате на 20, 30, 40 и по 60 години? Фитнес-експерт открива што му е потребно на телото во секоја возраст

К.С.

Три работи што треба да ги правите секое утро ако имате висок холестерол — кардиолозите откриваат што помага

К.С.

Го започнувате и завршувате денот со социјалните мрежи? Психотерапевтите предупредуваат на последиците по менталното здравје

К.С.

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Поврзани онлајн, осамени офлајн – менталното здравје во дигиталната ера

Еспресо

Зошто ви опаѓа косата? Овие се најчестите причини за кои можеби не сте знаеле

К.С.

Дали трчањето на загаден воздух е опасно за здравјето? Научниците откриваат како да се заштитите

К.С.
Се вчитува....