3.8 C
Скопје
06:21 - 20 октомври, 2026

Што НЕ ТРЕБА да јадете за појадок ако сакате да ослабнете

Постојат дузина популарни, а лоши оброци за појадок кои повеќе ви штетат отколку помагаат. Затоа, исфрлете ги од секојдневната навика.

Мафини

Популарни особено во Америка, а од неоамна и кај нас. Ова е најглупавиот појадок кој може да му го дадете на вашето тело. Ретко ќе најдете здрав мафин освен ако не сте го направиле сами и тоа од зеленчук.

Палачинки

Висококалоричен оброк кој освен со шеќер со ништо корисно не го снабдува вашето тело. Се согласуваме слатки се, но покорисни се како десерт после ручекот откако како „темел“ за почеток на енергичен ден. Од нив ќе спечалите само некој килограм повеќе, особено ако се подготвени од бело брашно. Маснотиите во нив и шеќерот само ќе ви го покачат шеќерот во крвта и многу брзо ќе почувствувате повторно глад.

Чоколадни намази

Нутелата нема апсолутно никаква нутритивна вредност затоа што содржи „лешници“.

Сок од портокал

Мислиме на готови сокови, а не на цедени. Соковите кои ги купувате во тетрапак се полни со конзерванси и шеќер.

Пецива со сирење или путер

Ќе внесете само празни јагленохидрати со многу малку нутритивна вредност. Со други зборови, не се погодни за појадок ниедни кроасани полнети со сирења особено ако се уште и од лиснато тесто.

Енергетски плочки

Тоа е исто како да изедете половина чоколадо за појадок. Тоа што се енергетски не значи дека ќе ве снабдат со енергија туку со шеќер.

Сланина

Тука е најголемата дилема, некои велат за, а некои се против неа. Содржи голем процент заситени масти и холестерол, а често и нитрати од кои може да добиете главоболка. И што има во неа корисно?

Слични објави

Три работи што треба да ги правите секое утро ако имате висок холестерол — кардиолозите откриваат што помага

К.С.

Го започнувате и завршувате денот со социјалните мрежи? Психотерапевтите предупредуваат на последиците по менталното здравје

К.С.

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Поврзани онлајн, осамени офлајн – менталното здравје во дигиталната ера

Еспресо

Зошто ви опаѓа косата? Овие се најчестите причини за кои можеби не сте знаеле

К.С.

Дали трчањето на загаден воздух е опасно за здравјето? Научниците откриваат како да се заштитите

К.С.

Која храна ги зајакнува коските, а која може да им наштети? Овие намирници се важни за нивното здравје

К.С.
Се вчитува....