8.8 C
Скопје
02:31 - 20 февруари, 2026

Ова е вистинскиот начин како да користите спреј за коса!

Го земате спрејот за коса, стискате на копчето и ја прскате косата? Тоа е погрешно! Затоа сега ќе откриете трик со лак за коса за совршена фризура.

Лакот за коса може да ја спаси скоро секоја лоша фризура, да ја скроти дивата коса и да ја доведе во ред. Најдобар пријател ни е токму тогаш кога имаме некој важен состанок или кога навечер сакаме да заблескаме на некоја забава. Неговата цел е: нега, волумен, совршена фризура или најдобро се заедно.

https://giphy.com/gifs/woman-WwdejquYzArLy?utm_source=iframe&utm_medium=embed&utm_campaign=Embeds&utm_term=https%3A%2F%2Fmiss7.24sata.hr%2Farticle-preview-28986%3Fpreview_code%3Daa26fd20

Меѓутоа, сигурно знаете дека лакот за коса може и да ја уништи фризурата. На пример, да се залепат прамените, бидејќи не сте внимавале додека сте прскале и на крај да не го добиете посакуваниот изглед. Сега доаѓа крајот на тоа – со овој вреден трик: за косата да изгледа токму онака како што посакувате, немојте да го нанесувате спрејот директно на коса, туку прво испрскајте ги рацете. После тоа нанесето го со рацете на посакуваното место.

Причината за тоа е следна: доколку го нанесете спрејот директно на коса, тогаш притисокот на воздухот може да го промени обликот на косата и таа да добие неконтролиран изглед. Меѓутоа, доколку спрејот за коса го нанесете прво на рацете, тогаш можете контролирано и нежно да го употребите на вашата коса.

https://giphy.com/gifs/betterthingsfx-2bWSvIdHnqrUM6Gys9?utm_source=iframe&utm_medium=embed&utm_campaign=Embeds&utm_term=https%3A%2F%2Fmiss7.24sata.hr%2Farticle-preview-28986%3Fpreview_code%3Daa26fd20

Мал бонус трик: така наречените „бебешки влакна“, кои многу често после стилизирање знаат да се разлетаат наоколу, може исто така да се скротат со овој трик. Затоа едноставно испрскајте лак на врвовите од прстите и нанесете потоа на косата. Брзо и едноставно!

Слични објави

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Естетска корекција на уши

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Вљубени и здрави

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Клиника „Жан Митрев“ официјално акредитирана како европски центар за третман на дебелина

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Европските клинички стандарди во пракса

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Тестаментот не се прави во криза, туку во мир

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Заедно за подобро здравје, кредит со 0 отсто камата

Еспресо
Се вчитува....