7.8 C
Скопје
23:04 - 31 март, 2026

Масажа со лажица за лице без брчки

Масажата со лажица е уште еден од третманите за опуштање на вашето лице. Оваа масажа ја поттикнува циркулацијата, ја затегнува кожата и на крајот кожата на лицето станува посјајна и поеластична.

Благите движења му годат на лицето, кожата станува мазна и се подмладува. Масажата со лажица ги отстранува брчките, ги дефинира контурите на лицето и ја намалува отеченоста на вашите очи и на подочниците.

Освен лажица, за оваа масажа се користат и масла, кои лесно се апсорбираат во кожата и на тој начин ја негуваат кожата одвнатре. Поместувајте ја лажицата полека од образот нагоре, а потоа надолу. Правете движења напред-назад под очите и под брадата. Можете да ја придвижувате лажицата и на вратот и на деколтето, на сите места на кои можат да се појават брчки.

Начин на изведување на масажата

Ќе ви биде потребна една лажица, чаша со вода, неколку коцки мраз и топло кокосово или маслиново масло.

Исчистете го добро лицето, а за тоа време оставете ја лажицата да стои во топло масло.

Потоа почнете со масажата.

Она што е важно да го знаете е дека оваа масажа е безболна, нема силни притискања со лажицата.

Лицето треба да го масирате вкупно 10 минути. Почнете првиот ден една минута и секој ден зголемувајте го бројот на минутите додека не стигнете до 10 минути.

Ако 10-12 дена редовно ја практикувате оваа масажа, очекувајте ги првите промени.

Слични објави

Вака подготвениот појадок го држи шеќерот под контрола и го намалува ризикот од дијабетес

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Фејслифтинг – хармонија помеѓу годините и природната убавина

Еспресо

Веќе не е јаболковиот оцет, нов „чудотворен напиток“ се пие за здравје и убавина – експертите предупредуваат да се внимава

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Менструален циклус – што е во рамките на нормалното?

Еспресо

Намалете го холестеролот без лекови – што да јадете, а што да избегнувате?

Еспресо

Ако пролетните алергии и за вас се ноќна мора, еве како да си помогнете

Еспресо
Се вчитува....