20.8 C
Скопје
13:01 - 21 октомври, 2026

Кои витамини ни се неопходни за забрзано слабеење

Кога сме на диета и кога вежбаме за да ослабеме, неопходни ни се витамините. Еве, кои витамини го забрзуваат процесот на слабеење и помагаат во подобри резултати при вежбањето.

Витамин Ц

Не се изненадивте што го видовте витаминот Ц на врвот на оваа „топ“ листа? Многумина не знаат колку овој витамин е важен. Прво, тој е антиоксидант кој го штити нашиот организам од штетни материи и помага во регенерацијата и градбата на чиста мускулна маса. Второ, овој витамин помага во апсорпцијата на аминокиселини и во производство на колаген кој е најважна состојка која ги поврзува мускулите и коските. За време на тренингот силен притисок паѓа на зглобовите и ако тие не се доволно снабдени со колаген доаѓа до непосакувани повреди. Помага и во апсорпција на железото кој е потребен за кислородот да се соедини со хемоглобинот. Без доволна количина на кислород мускулите функционираат отежнето. Витаминот Ц има и голема улога во лачење на хормоните.

Витамин Б6

Има главна улога во апсорпција на протеините што значи дека ако внесуваме повеќе протеини (кои ни се потребни за градба на мускулите) треба да внесуваме и повеќе витамин Б6.    

Витамин Б1

Одговорен е за кислородот во мускулите, а без кислород мускулите бргу се заморуваат. Колку тренинзите се подолги и поинтензивни толку потребата за овој витамин се зголемува. Овој витамин во значајна мера допринесува за јачината и интензитетот на вашиот тренинг, а со самото тоа ќе имате и подобри резултати.

Калциум

Познат е по функцијата – чувар на коските, но одличен е и за забрзување на работата на мускулите. Ако имаме недостаток од калциум тогаш доаѓа до грчеви.

Витамин Б12

Освен што има позитивен ефект на нервниот систем, функцијата на овој витамин е да помогне во разлагањето на јагленохидратите и игра голема улога во координација на телото и контракцијата на мускулите.

Слични објави

Зошто одеднаш стануваме алергични на работи што претходно не ни пречеле? Алерголозите објаснуваат што се случува во телото

К.С.

Како треба да вежбате на 20, 30, 40 и по 60 години? Фитнес-експерт открива што му е потребно на телото во секоја возраст

К.С.

Три работи што треба да ги правите секое утро ако имате висок холестерол — кардиолозите откриваат што помага

К.С.

Го започнувате и завршувате денот со социјалните мрежи? Психотерапевтите предупредуваат на последиците по менталното здравје

К.С.

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Поврзани онлајн, осамени офлајн – менталното здравје во дигиталната ера

Еспресо

Зошто ви опаѓа косата? Овие се најчестите причини за кои можеби не сте знаеле

К.С.
Се вчитува....