14:46 - 12 мај, 2026

ЗДРАВИ МАСТИ ЗА СЈАЈНО ЛИЦЕ: 7 намирници кои ја хранат кожата

Храната богата со здрави масти како што се бадемите, авокадото и сончогледот помага во хидратацијата на кожата и го спречува оксидативниот стрес и предвременото стареење.

Омега-3 масни киселини

Според нутриционистите неизоставен  дел од рутината за убавина треба да бидат омега-3 масните киселини . Тие го забавуваат стареењето, ја обновуваат влажноста на кожата и имаат анти-воспалителни својства. Омега-3 масните киселини го намалуваат воспалението под површината на кожата, со што го забрзуваат лекувањето и го намалуваат ризикот од појава на акни. Вклучете ги намирниците кои се богати со овие киселини во секојдневната исхрана, како што се оревите, авокадото, маслиновото и маслото од кокос и од ореви.

Бадеми

Овие плодови се богати со витамин Е, моќен антиоксиданс кој ја штити кожата од оксидативен стрес и предвремено стареење. Мастите кои ги содржат се совршени за сува и чувствителна кожа. Бадемите ја потхрануваат кожата, ја смируваат иритацијата , а често се користат и во козметичката линија за деца. Се препорачуваат неколку бадеми дневно.

Авокадо

Исто како и бадемите е богато со витамин Е, кој го стимулира производството на колаген одговорен за еластичноста на кожата. Авокадото е одличен антиоксиданс кој го поттикнува отстранувањето на отровите од телото, а мононезаситените киселини, кои ги содржи, ја хидрираат  кожата.

Семки од сончоглед

Тие содржат омега-3 масни киселини, кои го спречуваат сушењето на кожата и витамин Е кој го спречува предвременото појавување на брчки. Тие се одличен избор за сува кожа.

Ореви

Покрај тоа што се богати со омега-3 масни киселини, оревите се богати и со витамин Е  кој го смирува воспалението и ја  спречува појавата на мозолчиња. Тие ја хидрираат кожата и го спречуваат штетното влијание на УВ зрачењето.

Кокосово масло

Тоа не содржи омега-3 масни киселини, но е богато со заситени киселини кои  помагаат во зајакнувањето на кожата, затоа и се користи во борбата против  стрии. Овие киселини се неопходни за цврста кожа, а најдобар извор се токму оние од растително потекло. Кокосовото масло помага во стимулирање на производството на колаген, кој е одговорен за еластичноста на кожата,  чија функција слабее со возраста. Исто така, добро ја навлажнува кожата бидејќи ги врзуваат молекулите на водата за себе, а во вашата кожа се апсорбираат побрзо од лосионите.

Бразилски ореви

Тие содржат селен, антиоксиданс кој  штити од воспалителни процеси и ја чуваат еластичноста.

Маслиново масло

Маслиновото масло е богато со витамини А и Е кои штитат од оксидативен стрес, а на тој начин и од стареење. Тоа го подобрува тонот на кожата, ја штити од УВ зрачење и дејствува антибактериски.

Слични објави

Астролозите ги рангираа хороскопските знаци од најголеми до најмали егоисти: Откријте каде сте вие на листата

Т.Ц.

Здравко Чолиќ ја реновира вилата на Дедиње – поставени нови камери и сензори откако му беше флена бомба во дворот

Е.А.

Кристина Арнаудова откри како го мотивирале синот да трча: „Му купувавме пехари без да знае“

Еспресо

Теа Трајковска по трагедијата во Кочани: „Имав панични напади и со месеци не излегував од дома“

Еспресо

(Фото) Пред 7 години ѝ кажаа дека нема да стане мајка, а денеска Зои Блаж го слави првиот роденден на ќерката

Еспресо

Маја Николиќ тренира на трамбулина – скока и вреска од среќа

Е.А.
Се вчитува....