8.8 C
Скопје
04:47 - 24 април, 2024

Воспаление на срцевиот мускул по примена вакцина на „Фајзер“?

Центрите за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ) не гледаат поврзаност помеѓу воспалението на срцевиот мускул, миокардитисот, и вакцината против ковид-19, изјави директорката на ЦДЦ, Рошел Валенски.
Засега не постои никаков доказ за вистинска поврзаност меѓу неодамна констатираните воспаленија на срцевиот мускул (миокардитис) и вакцината на „Бионтек/Фајзер“.

  • Не видовме знак, а всушност несакајќи го баравме, во повеќе од 200 милиони дози што ги дадовме – рече Валенски на прес-конференција.
    Таа изјави дека ЦДЦ е во контакт со американското Министерство за одбрана поврзано со истрагата на 14 случаи на воспаление на срцевиот мускул или миокардитис кај луѓе кои биле вакцинирани во воените здравствени установи.
    Израелското Министерство за здравство соопшти дека истражува мал број случаи на миокардитис кај луѓето кои ја примиле вакцината „Фајзер“, но засега не извлекло никакви заклучоци.
    Повеќето случаи во Израел се забележани кај лица помлади од 30 години.
    „Фајзер“ објави дека не забележал почеста појава на миокардитис кај вакцинираните лица во однос на општата популација.
    Израелскиот координатор за контрола на пандемијата Нахман Аш рече дека прелиминарната студија покажува „десетици случаи“ на миокардитис кај повеќе од пет милиони вакцинирани лица. Случаите главно се појавувале по втората доза, првенствено кај млади мажи на возраст меѓу 18 и 30 години. Според извештаите на израелските медиуми, повеќето од овие пациенти со миокардитис биле отпуштени од болницата во добра форма. Две лица починале: една 22-годишна млада жена и еден 35-годишен маж кои немале претходни болести. Меѓутоа, потребни се дополнителни истражувања за да се потврдат дијагнозите.
    Аш рече дека не е јасно дали станува збор за невообичаено висок број и дали е тоа е поврзано со вакцината.
  • Министерството за здравство во моментот испитува дали постои поголема зачестеност на болеста и дали тоа може да се припише на вакцината – рече Аш.
    Би било тешко да се докаже поврзаноста, бидејќи миокардитисот, состојба која често поминува без компликации, може да биде предизвикана од низа други вируси, а сличен број случаи беа пријавени и во претходните години.
    Како доаѓа до појава на миокардитис?
    Воспалението на срцевиот мускул може да се случи на која било возраст. Често е предизвикано од вируси, но исто така и од бактерии, габички или од паразити. Миокардитисот обично се појавува неколку дена до неколку недели по вирусната инфекција. Болеста најчесто настапува кај претходно здрави луѓе. Заболените често покажуваат симптоми како што се замор, висока телесна температура, отежнато дишење, болка во градите, препотување, чукање на срцето (палпитации), а може да напредува до затајување на срцето. Меѓутоа, воспалението на срцевиот мускул исто така може да биде асимптоматско. Често поминува без никакви последици, но може да се појават и долгорочни ефекти како што се срцева инсуфициенција, срцева слабост. Смртните случаи се ретки.
    Миокардитисот може да се дефинира на повеќе начини. Неговата главна карактеристика е тоа што претставува инфекција на срцето проследена со воспаление и оштетување на срцевиот мускул без блокирање на коронарните артерии, кои инаку би предизвикале срцев удар (миокарден инфаркт) или други чести неинфективни причини. Може да предизвика оштетување (некроза) на срцевото ткиво, како и дилатативна кардиомиопатија.
    Знаци и симптоми на миокардитис
    Кога станува збор за воспаление на срцевиот мускул, симптомите се различни и клиничката слика може да варира од благи симптоми како што се тахикардија или непријатност во градниот кош, па сè до смрт поради затајување на срцето. Постојат различни знаци и симптоми кои го определуваат миокардитисот. Тие се поврзани со воспалението на миокардот или со слабоста на срцевиот мускул која е од второстепена важност.
    Можеби ќе се чувствувате лошо и ќе имате општи симптоми на вирусна инфекција, не обрнувајќи внимание на тоа дека можеби и срцето е зафатено.
    Знаци и симптоми:
  • Болка во градите (силна, остра болка)
  • Краток здив, во мирување или за време на физичка активност (диспнеа),
  • Конгестивна срцева инсуфициенција (која предизвикува хидропсија, отежнато дишење и хепатитична конгестија)
  • Забрзано чукање на срцето т.е. палпитација (кое се должи на аритмијата)
  • Ненадејна смрт (кај младите, миокардитисот е причина за 20 отсто од сите случаи на ненадејна смрт)
  • Отекување на нозете, зглобовите и стапалата
  • Треска (особено кога е инфективна на пр. ревматската треска)
    Симптомите кај децата и бебињата се неодредени и опфаќаат: чувство на слабост (неспокој), слаб апетит, болка во стомакот, хронична кашлица. Во подоцнежните стадиуми на болеста, се појавува и забрзано дишење поради што честопати се смета дека детето е болно од астма.

Слични објави

(Фото) Јелена Ѓоковиќ мами воздишки во Мадрид: Ќе ве заболи глава кога ќе дознаете колку чини накитот кој го носи!

Еспресо

„Не знам како ќе заврши ова“: Марија Шерифовиќ ја откри причината зошто ја нема во „Ѕвездите на Гранд“

Еспресо

(Видео) „Дува силен ветар, ама…“: Се огласи Никола Роквиќ од патот кон Грција

Еспресо

(Фото) Први фотографии на Раста од болница: Раперот задржан поради големи болки

еспресо

(Фото) Пријател објави приватна фотографија на Дарко Лазиќ и Катарина: Вака не сме ги виделе

Еспресо

Раста итно примен во болница

Еспресо
Се вчитува....