14.8 C
Скопје
15:34 - 25 април, 2024

Што да променам во исхраната за да се ослободам од акните и мозолчињата?

Сите кои имаат проблеми со акните би требало повеќе да консумираат риба и ореви. Добро да се избегнува белото брашно, особено рафинираното, како и преработените јаглехидрати, односно белиот леб. Исхраната богата со риба, овошје, житарки и мешунки (леќа, грашок, грав) доведува до почист тен. Омега-3 масните киселини ја подобруваат контролата на воспалителните процеси во целото тело, вклучувајќи ги и воспалените акни.

Тоа значи дека храната која ќе го исчисти вашиот тен се темели на сардини, скуша, лосос, ореви и ленени семки. Лососот е богат со омега-3 масни киселини кои ви помагаат во борба против акните, а воедно придонесуваат за подобро расположение бидејќи ги стабилизираат хормоните. Стресот и хормоните се главни причинители за појава на акните, а здравите масти и протеините од лососот помагаат за зголемување на нивото на колаген во кожата.

Резултатите покажале дека по 12 недели консумирање повеќе протеини и помалку рафинирани јаглехидрати, појавувањето на акни на кожата се намалува 50 отсто, што значи дека самата исхрана го намалува нивото на хормони кои влијаат на акните. Ако имате проблеми со откажување од скроб – нека вашиот избор биде слаткиот компир – батат. Освен што е вкусен, го намалува нивото на шеќер во крвта, што е клучно за спречување на акните.

Содржи и голема количина витамин А и витамини од Б-групата кои играат голема улога во здравјето на кожата.

Ако вашата кожа е склона кон акни, можеби треба да ја намалите количината на млечни производи што ги внесувате (млеко, матеница, путер, сурутка, шлаг, сирење и сладолед), за да проверите дали тоа има позитивен ефект врз кожата.

Исхрана со низок гликемиски индекс (ГИ). Обидете се да ги замените намирниците со висок ГИ (на пример, рафинираната храна, како што се бел шеќер, бел леб, храна богата со шеќер, компири, бел ориз) со оние што имаат среден или низок ГИ и кои побавно ќе го ослободуваат шеќерот (на пр. мешунките – грав и леќа – и житарките од цело зрно, малку овошје и зеленчук).

Храната со висока содржина на влакна (овес, леќа и сл.), исто така, може да помогне во регулирањето на инсулинот (познато е дека инсулинот ги стимулира машките хормони кои можат да предизвикаат појава на акни).

Јадете портокалови намирници. Бета-каротенот и витаминот А се најголеми непријатели на акните. Затоа,во исхраната често вклучувајте моркови, тиква, диња, сладок компир и сл.
Подобрете го нивото на цинкот. Цинкот е исклучително важен за здрава кожа. Помага во ублажување на воспалението и делува против P. acnes, бактерија на кожата која е тесно поврзана со појавата на симптоми на мрсна и проблематична кожа. Исто така, постои и истражување кое потврди дека луѓето што страдаат од акни имаат недостаток на цинк. Зелениот зеленчук (особено спанаќот, кељот и брокулата) е богат со антиоксиданти и е добар извор на цинк.

Слични објави

Откриени детали од судењето на Гоца Тржан и Маја Николиќ: Пејачката е подготвена за војна со инфлуенсерката

jasmina.kantardzieva

(Фото) Мина го покажа лицето на синот што го доби со Амиџиќ: Тој е плод на најголемата љубов што сум ја почувствувала во животот

Еспресо

(Видео) Вељко го исполни ветувањето: Расплакана Цеца му шепна емотивни реченици на синот по мечот

Еспресо

Канје Вест се впушта во порно бизнис, отвора студио: Советничка му е ексљубовницата на Трамп,Сторми Даниелс

еспресо

Почина познатиот менаџер Велибор Џаровски-Џаро

еспресо

Раста се огласи од болница, мора итно на операција: „На безобразните им посакувам исто да ги снајде“

еспресо
Се вчитува....