3.8 C
Скопје
04:41 - 21 декември, 2024

ТАЈНАТА НА СОВРШЕНО БАЛАНСИРАН ОБРОК: Нутриционистката Емилија Спасовска Мојсовска нè учи како да ги комбинираме групите на храна и ни носи неодолив, здрав рецепт за ручек

Апсурдно е да помислиме дека возрасни луѓе не знаеме како треба да јадеме, но времето во кое живееме е брзо, а храната што ја внесуваме уште побрза. А пак, во зима, желни за сератонин посегнуваме по храна што ни е апсолутно вкусна и најчесто со „сомнителни“ хранливи вредности.

Нутриционистката Емилија Спасовска Мојсовска нè советуваше како да ги организираме групите на храна за да бидеме поздрави и подобри!

Како изгледа совршен ден на исхрана за вас?

– Здравата исхрана е еден од најважните фактори кои допринесува за одржувањe на благосостојбата и доброто здравје на организмот. Балансираната и здрава исхрана потребно е да биде наше секојдневие, со рационален внес на намирници, оптимална количина на хранливи состојки и разновидност во исхраната. Според тоа можам да кажам дека совршен ден на исхрана е со оптималниот внес на намирници распределен во главни обрци и меѓуоброци, соодвено растојание помеѓу оброците и доволната хидрација и внес на течности во текот на денот.

Како најдобро да се комбинираат групите на храна во секој оброк?

– Исхраната претставува комплексен процес кој се одвива во организмот. Секоја намирница има специфична улога и фукција во организмот при внесувањето. Во зависност од возраста потребата и активностите на индивидуата може да биде и комбинирањето на групите на храна во оброците. Сепак најважно е да се направи избалансиран оброк кој ќе допринесе за благосостојба на организмот, да се внесуваат широк спектар на хранливи материи и сезонското овошје и зеленчук во исхраната да бидат постојано присутни.

Колку се важни протеините во исхраната?

– Протеините се хранливи материи во човековиот организам, тие се од големо значење и се неопходни за раст и регенерација на сите живи клетки. Протеините имаат специфична функција во организмот и учествуваат во сите метаболички процеси, тие имаат клучна улога во создавањето и одржувањето на секоја клетка во нашиот организам.

Протеините се изградени од аминокиселини, некои од нив се есенцијални за организмот, поради нивната специфична функција. Единствен извор на есенецијалните амино киселини е исхраната. Главен извор на протеини во исхраната се производите од животинско потекло, рибата, легуминозите и житарките, зеленчук и овошје.

Дневниот внес на протеини игра важна улога во одржувањето на клетките во добра форма поради што од голема важност е да се консумираат секој ден во идеални колични.
При недостаток на некои од есенцјалните аминокиселини се јавува дисбаланс во организмот кој може да доведе до појава на различни состојби како застој во растот, анемија и слично.

фото: приватна архива

Дали може да споделите со нас рецепт за вашиот најчест избор за брз, лесен и здрав ручек

– За ручекот како главен оброк во текот на денот многу е важно да биде вкусен, богат со витамини, минерали, растителни влакна и поради динамиката на живеењето да се подготвува брзо. Мој предлог за оброк кој одговара на погоре споменатото е:

Мусака од зеленчук и печурки

За подготовка потребни се следните намирници:

  •  400 г тиквици,
  •  2 пиперки
  •  праз по желба
  •  1 модар патлиџан
  •  300 г. Печурки

Начин на подготовка:

– Исецкајте ги тиквиците на кругови и наредете ги на дното од тава, во меѓувреме ставете да се динстаат претходно исецканиот праз, пиперките, модриот патлиџан и печурките. Ставете ја подготвената смеса над тиквиците и покрите ја со уште еден ред тиквици. Ставете да се пече околу 20 мин на температура од 200 степени.

фото: инстаграм

ВОДИЧ ЗА ПРЕЖИВУВАЊЕ НА ЕСЕНТА: Нутриционистката Емилија Спасовска Мојсовска советува како да се справиме со настинки

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....