23.8 C
Скопје
14:31 - 29 март, 2024

ЗОШТО Е ДОБРО ДА ЈАДЕТЕ ШТО ПОВЕЌЕ ПАЧА: Единствен начин да добиете состојка која лекува сè, но и помага во слабеењето!

Желатинот е протеински производ, безбојна или жолтеникава материја без мирис и вкус што се добива со варење на кожата, коските или сврзното ткиво на говеда или свињи, што на нашите простори е поврзано со подготовката на пача односно пивтија. 

Говедски желатин

Говедскиот желатин содржи диететски колаген, пролин, глицин и протеини. Се верува дека позитивно влијае на здравјето на кожата, косата и ноктите, помага при болки во зглобовите, ја затегнува кожата, добар е за дигестивниот и имунолошкиот систем, а се верува дека ја намалува појавата на целулит.

Една третина од сите аминокиселини во желатинот се глицин, кој е познат по своите антиинфламаторни ефекти, па затоа е добар за заздравување на раните, за регенерација на кожата, а благотворно делува и на квалитетот на сонот.

Лековитост и употреба

Покрај во кулинарството, говедскиот желатин се користи и за отстранување на многу здравствени проблеми. Има посебна примена како лек за проблеми со ‘рбетот, гихт, но и кога е оштетена’ рскавицата. Пролинот и хидросипролинот се ефикасни за обновување на сврзното ткиво, што исто така му се припишува на желатинот кој може да го зголеми растот и волуменот на сврзното ткиво.

Желатин за слабеење

Желатинот е нискокалоричен, го намалува апетитот, го зголемува чувството на ситост и помага доколку сакате да ослабете. Практично не содржи масти и јагленихидрати. Се препорачува да го вклучите во исхраната доколку го сакате најдоброто за вашето тело.

Ја спречува појавата на стрии

Употребата на говедскиот желатин ја спречува појавата на стрии бидејќи и дава цврстина и еластичност на кожата, а ги елиминира и најупорните стрии кои се појавуваат на стомакот и колковите. Што се однесува до целулитот, главниот адут на оваа храна е колагенот, кој го забрзува согорувањето на масните клетки под кожата.

Доколку сте пробале многу скапи козметички производи кои не го дале посакуваниот ефект, ви препорачуваме да пробате говедски желатин против целулит и резултатот нема да изостане.

НАЈДОБАР ПРИРОДЕН ЛЕК ЗА ЗГЛОБОВИ И КОСКИ

Скелетот е еден од најважните органи на нашето тело, а науката верува дека нашето целокупно здравје може да се види во нашите коски. Ако сакате да избегнете фрактури на коските или, доколку се случиле, да ги излечите, пијте по една шолја говедски желатин секој ден за да ги зајакнете коските.

Покрај тоа што е богат со калциум, содржи и витамин Д, кој ја зголемува густината и квалитетот на коските, а со тоа ја намалува можноста за повторување на скршеници и повреди. Дополнително, значително ќе ја намалите можноста за добивање на артритис, а кога се во прашање природните лекови за остеопороза, желатинот дава феноменални резултати.

Затоа, следниот пат кога ќе подготвувате пача, пробајте да ја направите од говедски нозе.

 

Слични објави

(Фото) Јована Јеремиќ гордо го покажа скапиот прстен што го доби од Драган и објасни како го добива она што го сака

К. А.

(Видео) Прекинат концертот на Александра Пријовиќ во Бања Лука, пејачката веднаш реагираше

Еспресо

Се нижат смешни коментари за разводите на Драгана Мирковиќ и на Харис Џиновиќ: „Зорица и Кемиш ни се последна надеж“

еспресо

Змијанац го коментира разводот на Харис Џиновиќ: „Не знам зошто сите полудеа, разводот е зло“

еспресо

Шокантни детали за Шарлин и Алберт од Монако: Таа троши како луда, а тој ги плаќа и љубовниците

еспресо

Астропрогноза за петок, 29 март: На Бикот ќе му се врати старата љубов, Лавовите ќе бидат кралеви на денот

еспресо
Се вчитува....