09:09 - 8 ноември, 2026

Што му прават хормоните на нашето тело?

„Метаболизмот е многу комплексна работа. Постојат научни причини зошто луѓето се со одредена градба. И хормоните се клучни за тој одговор. Животниот стил, исхраната и вежбањето се само мал дел од она што треба да го направиме за да имаме витка линија“, вели професорот Сафрон Витхед од болницата „St George’s“ во Лондон.

„Малите промени“, вели професорот, „можат многу да променат. Еве што треба да направите.“

Стомак

Виновник: Кортизол

Нашите тела развиле систем за да ја препознаат опасноста кога телото произведува кортизол, хормон на стрес.

„Постојано сме под стрес. Кога телото ја препознава опасноста, создава маснотии околу црниот дроб и така имаме поголем стомак, а телото има дополнителна енергија да се брани“, вели д-р Марилин Гленвил, нутриционист и специјалист за здравјето на жените.
Збогатете ја вашата исхрана со минерали, тоа е главната препорака на нутриционистите.

Голем задник и бутови

Виновник: Естроген

Премногу естроген во телото на жената резултира со оваа појава.

Можете да вклучите суплементи на база на соја или да го намалите внесот на алкохол. Тој е многу штетен ако имате вишок естроген во телото. Исто така, нутриционистот Макс Томлисон советува засилена исхрана со витаминот Е.

Отечени зглобови

Виновник: Прогестерон

Отечените глуждови на нозете се знак дека задржувате течност во вашето тело.
Недостатокот на прогестерон може да биде причината, бидејќи овој хормон делува како диуретик.

Јадете семки од сончоглед, путер од кикирики. Избегнувајте индустриска храна и пијте многу течности.

Подуено лице

Виновник: Тироксин

Отечено лице значи дека имате премногу малку тироксин во вашето тело.

За почеток вклучете селен во исхраната преку таблети. Проверете ја работата на тироидната жлезда целосно, може да има некои посериозни здравствени проблеми.

Слични објави

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova
Се вчитува....