13:41 - 27 ноември, 2026

Рамзи Хант синдром, од што точно боледува Џастин Бибер и дали се лекува болеста; „Лицето ми е парализирано, сега не можам да пеам“

Поп ѕвездата Џастин Бибер на Инстаграм го откри својот здравствен проблем: „Лицето ми е парализирано. Сега не можам да пеам“.

Но каква болест има Бибер?

Синдромот Рамзи Хант е невролошка болест која најчесто произлегува од сериозните последици од инфекцијата со вирусот Херпес Зостер. Овој вирус ги парализира нервите на лицето и формира пликови на надворешното и внатрешното уво, во близина на носот и устата.

Меѓу најчестите симптоми на синдромот Рамзи Хант се парализа на мускулите на лицето на страната погодена од минлива или трајна инфекција; осип и плускавци околу увото;
вртоглавица која трае со денови или недели; губење на слухот, кое може да биде трајно или делумно или целосно да се излечи; промени во чувството на вкус; болка во увото.

Третманот на синдромот Рамзи-Хант варира во зависност од типот на дијагнозата, зашто постојат три типа на вирусот. Третманот од првиот тип, на пример, е симптоматски по природа и се земаат лекови за напади и епилепсија. Што се однесува до вториот тип, сепак, третманот на кожните лезии е обично едноставен и не одзема многу време, додека парализата на фацијалниот нерв ќе бара специфични третмани со лекови, вежби и масажи. Конечно, терапијата индицирана за третиот тип на Рамзи-Хант синдром е од фармаколошка и физиотерапевтска природа, но не гарантира целосно обновување на подвижноста на раката.

Кој тип на ова заболување го има Џастин Бибер, се уште не е познато.

(Видео) Џастин Бибер на Инстаграм: „Имам парализа на лицето, ќе паузирам“

Слични објави

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.
Се вчитува....