16:35 - 1 април, 2026

Секојдневната употреба на канабис може да доведе до психоза

Легализацијата на марихуаната, како за медицинска така и за рекреативна употреба, продолжува да се шири низ светот, иако евентуалните здравствени ризици (или бенефити), не се во целост познати.

Според ново истражување, луѓето кои секојдневно користат канабис имаат трипати поголема веројатност за развивање на психотични пореметувања, во однос на луѓето кои не користат.

Истражувањето објавено во вторникот во магазинот „Lancet Psychiatry“, изнесува нови докази кои се поклопувале со претходни експерименти, кои исто така укажувале дека големата употреба и високата концентрација на ТХЦ во канабисот, може да биде штетна за менталното здравје.

-Психотичното пореметување е токму она што беше предмет на проучување. Зборуваме за луѓе кои ги исполнуваат категориите за ваква дијагноза и кои ги контактираат службите за зачувување на менталното здравје, за да добијат адекватен третман за психоза. Занчи, имале симптоми на психоза од поширок спектар, вклучувајќи и халуцинации кои траеле најмалку седум дена“, изјавила докторката Марта Форти, автор на споменатото истражување.

Слични објави

Вака подготвениот појадок го држи шеќерот под контрола и го намалува ризикот од дијабетес

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Фејслифтинг – хармонија помеѓу годините и природната убавина

Еспресо

Веќе не е јаболковиот оцет, нов „чудотворен напиток“ се пие за здравје и убавина – експертите предупредуваат да се внимава

Еспресо

Што да јадете ако имате проблеми со холестеролот?

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Менструален циклус – што е во рамките на нормалното?

Еспресо

Многумина го игнорираат овој ран симптом на деменција: Предупредувачки знак може да се појави и при качување по скали.

Еспресо
Се вчитува....