26.8 C
Скопје
15:43 - 29 април, 2024

ПОСТПРАЗНИЧНА ДЕТОКСИКАЦИЈА ЗА СЕДУМ ДЕНА И ДЕТОКС РЕЦЕПТИ: Доста е дебелеење, еве кои намирници ќе ве прочистат и вратат во колосек!

За време на новогодишните и божиќните празници обично се претерува со јадењето и пиењето, па така натолажуваме и по некој килограм плус, оптоварувајќи го и организмот. Но, постпразничниот период е вистинско време да се ослободиме од токсините и да направиме здраво прочистување на организмот при тоа ослободувајќи се и од наталожените масти „собрани“ во изминатиот месец.

КОЈ Е НАЈДОБАР НАЧИН ЗА ПОЧЕТОК?

Најдобар начин за детоксикација е неколку-дневно мени составено од лесна исхрана која се темели на житарки, супи, зеленчук, овошје, риба и нискомасни млечни производи. Предност имаат немасните супи и варива кои се подготвуваат од брокула, карфиол и коренастиот зеленчук. Авокадото вклучете го во исхраната како одличен чистач на црниот дроб. Во менито за детоксикација секако вклучете и доволен внес на вода и билни чаеви кои се познати чистачи на организмот. Од овошјето, дајте им предност на јаболката, а салатите секогаш зачинувајте ги со квалитетно маслиново масло.

Седмодневен план за детоксикација

Веднаш по станување од кревет – напијте се чаша топла вода во која претходно сте исцедиле лимон.

Може да јадете билокакво овошје, се препорачуваат јаболки, мандарини, грејпфрут, портокали и киви.

Може да јадете сите видови на зеленчук во количина колку сакате. За вечера подгответе поголем компир во рерна и наросете му маслиново масло.

Конзумирајте густи супи од зеленчук.

Ограничете го месото на помала количина, и тоа само на говедско, пилешки гради и риба.

Зголемете го внесот на вода. Намалете го кафето, конзумирајте три пати дневно зелен чај.

Избегнувајте теста и тестенини, зманете ги со кафеав ориз, а колачињата со здрави кекси од банана и овес.

Од млечни производи конзумирајте само нискомасно (младо сирење, моцарела) и нискомасен јогурт.

Кокосовото масло е одличен прочистува, од други масла користете само квалитетно маслиново масло.

Не конзумирајте конзервирана храна и готови индустријски јадења.

Детокс-рецепти

Густа супа од зеленчук

Намирници – 100 грама брокула, 100 грама карфиол, 100 грама морков, 100 грама праз (белиот дел), 100 грама тиква, 1 дл павлака за готвење, 3 лажици маслиново масло, сол и црн пипер.

Подготовка – Во ленец ставете маслиново масло и потоа додадте го празот исечкан на кругови и динстајте малку. Додадете го морковот, додадете малку вода и продолжете да динстате. Потоа додадете го останатиот зеленчук, ставете вода толку колку да го прекрие зеленчукот и варете на умерена температура околу половина час. Пред крајот на готвењето посолете и наросете црн пипер.  Иситнете го зеленчукот со миксер до постигнување глатка смеса.

фото инстаграм

Кекси од банана и овес

Намирници – 2 зрели банани, 100 грама овесни снегулки, малку лешници.

Подготовка – Излупете две зрели банани, исечете ги на ситни парченца и додадете им 100 грама меки овесни снегулки. Со вилушка изгмечете ги бабаните и соединете ги со меките овесни снегулки додека да добиете еднолична смеса. На хартија за печење со лажица распоредете ја смесата за кекси и еднакво обликувајте ги. Може да ги попрскате со здробени лешници. Колачињата ставете ги во рерна и печете ги на 200 степени околу 15-на минути.

фото инстаграм

Зелена салата со пченка и пилешко

Намирници – 1 зелена салата, 1 филџан пченка, 150 грама пилешки гради (сварени), две лажици маслиново масло, сок од лимон, кромид, чери домати.

Подготовка – Исечкајте ја зелената салата, во меѓувреме сварете ја пченката. Измешајте ги сите намирници во зелената салата и на крајот, најгоре, додадете го сечканото пилешко месо. Посолете, наросите црн пипер, зачинете со маслиново масло и сок од цеден лимон, и неколку капки балзамико. Можете да додадете и други здрави зачини, босилек, малку кинески магдонос (коријандер) и авокадо.

Слични објави

Марија Шерифовиќ за проширување на семејството: Еве дали ќе има и второ дете

еспресо

(Видео+фото) Цифрата значително скокнала! На осмиот ден од одењето пешки за Грција Никола Роквиќ објави колку пари се собрани

Еспресо

(Видео) „Ви благодарам што сте дел од мојот живот!“: Каролина го прослави роденденот со сопругот и најблиските

Еспресо

(Фото) Луѓето воодушевени од фустанот на Александра Пријовиќ од Роберто Кавали: Го пронајдовме, во моментот е на намаление

Еспресо

(Фото) Никол Кидман ги покажа ќерките: Убави како мама

еспресо

Уапсен Жерар Депардје! Ќе биде сослушан за наводите за сексуален напад врз две жени

еспресо
Се вчитува....