22.8 C
Скопје
13:18 - 2 октомври, 2026

НАЈПОПУЛАРНИ ИМИЊА ЗА БЕБИЊА ВО 2022 ГОДИНА: Инспирирајте се од трендовите, но и од библијата и соѕвездијата!

Кои се трендовските имиња на бебиња за 2022 година? Ви ја носиме листата на најактуелни странски имиња за оваа година а вие инспирирајте се и слободно адаптирајте ги во македонска верзија!

Има моменти полни со смисла, симболика и многу емоции во животот на жената која ќе стане мајка: еден од најдобрите моменти, а можеби и најзначајниот, е кога ќе го изберете името на вашето дете.

Ви ја носиме листата на најпопуларни имиња за бебиња за 2022 година.

Имиња за бебиња 2022: Што велат моменталните трендови?

Името е она што не прати во текот на целиот живот и никогаш не е лесно да го избереме името на нашето детенце.

Навистина, понекогаш сме неопределени, неодлучни. Според трендовите, сепак, може да очекуваме се поголема популарност на машките имиња:

Леонардо, Едвард, Габриел и Матија (Матеј).

Интересно е што трендот покажува дека годинава во игра влегуваат и имињата од ѕвезди. Па така популарни стануваат женските имиња Венера, Гаја, Бела (Белатрикс), Андромеда, Касиопеја, Маја, Вега, Електра, Лира, Сирма, а меѓу машките се издвојуваат Енеја и Изар.

Кај машките, но и кај женските деца (поретко), се појавуваат нови варијации на името Иван/а. Сега во тренд е Еван, односно Евана, кое звучи убаво.

Името Натан доживува вистински бум

Посебно „кул’ име, барем така го сметаат младите родители, е името Натан кое стана популарно лани, а годинава се претпоставува дека ќе доживее вистински „бум“ низ светот.

Името има библиско потекло и неговото значење е „Бог (го) дал“.

Во Англија пак, остануваат популарни имињата Мајкл (класично), но овојпат и Кевин, како и Вилијам и Хари (според принцовите). Ново име што зема замав е Арон, кое до пред неколку години, беше својствено име за големи и силни кучиња.

ФРИДА ЗА ЖЕНСКИ БЕБИЊА, ПО ФРИДА КАЛО

Меѓу најоригиналните женски имиња во мода во 2022 година е името  Фрида. Сè повеќе се избира, зашто многу жени се маѓепсани од шармот и славата на мексиканската сликарка Фрида Кало. Но, модерни се и имињата Пенелопа, која потекнува од грчкиот јазик.

Па, повелете, инспирирајте се!

Слични објави

Наместо романтична порака, апарат за притисок: Тања Кочовска во свој стил ја одбележа годишнината од бракот со Предраг

Еспресо

(Фото) Каролина се гушка со мајка си, ужива со Михаил и внуките: „Септември беше убав“

К.С.

(Видео) За едно парче 8.500 евра – еве на што троши пари ќерката на Харис Џиновиќ

Еспресо

(Фото) Стефан Лазаров стана татко, се роди синот Лука: „Марта, ти благодарам за најубавиот подарок“

К.С.

VILLA DIVA – Амбиент создаден за големи моменти

Еспресо

(Фото) „Колку била убава!“: Теа Таировиќ сподели фотографија од детството и сите гледаат во нејзината мајка

Еспресо
Се вчитува....