14:00 - 27 ноември, 2026

НОВ ЗАПЛЕТ ЗА СЛУЧАЈОТ КАРЛЕУША И ТОШИЌ: Не е дозволена комуникација, Душко има забрана за приоѓање во близина на Јелена уште 30 дена!

Instagram

Продолжува драмата во семејството Карлеуша-Тошиќ, откако на Божиќ, поранешниот фудбалер беше пријавен за насилство врз сопругата.

Првиот основен суд му ја продолжи за уште 30 дена итната мерка на фудбалерот Душко Тошиќ за забрана за приближување и комуникација со сопругата, пејачката Јелена Карлеуша, пишува во соопштението на Судот.

Тошиќ во петокот на 7 јануари претходно доби 48 часа забрана од полицијата бидејќи ѝ удрил шамар на сопругата.

Обвинителството вчера предложи продолжување на оваа мерка, а судијата го усвоил предлогот.

Полицијата во петокот на Божиќ, по пријава дека сопругот бил насилен кон неа, отишла во домот, а Карлеуша одбила да оди во здравствена институција поради преглед и одбила да даде изјава во полициска станица.

Споменатата мерка за Тошиќ е изречена во согласност со законот за пречување семејно насилство, известуваат српските медиуми, блиц, танјуг, глоси.рс.

Слични објави

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.

Дневен хороскоп за 27 ноември: Не дозволувајте промените во расположението на другите луѓе да ви пречи

apostolova
Се вчитува....