24.8 C
Скопје
15:13 - 1 мај, 2024

Пет намирници кои помагаат при настинка и грип и пет кои го влошуваат вашето здравје

храна

Храната може да биде лек, но може да биде и еден од нашите најголеми непријатели. Може да му помогне на имунолошкиот систем во борбата против голем број болести или да му напави „сопка“. Прочитајте кои пет намирници е добри за јадење, а кои се лоша идеја во периодот кога се борите со настинка или грип.

Храна што треба да се избегнува за време на настинка и грип:

Јагоди

Веројатно мислите дека ова супер овошје е вистинското решение затоа што е полно со витамини. Но, не е така. Токму спротивното. Јагодите се прилично силни алергени и иако тие самите содржат помали количини на хистамин, тие го поттикнуваат неговото создавање во нашиот организам, што е ноќна мора за веќе затнат нос. Чувството на непријатност во носот и синусите ќе се засили.

Покрај јагодините, треба да се одбегнуваат и други овошја како што се банани, киви, ананас, манго, круши и малини. Најидеално решение за таа состојба се секогаш лимонадите и сокот од портокал.

јагоди

Слатки

Шеќерот е последното нешто што ви треба кога сте болни. Шеќерот може привремено да го наруши имунолошкиот систем и да ја намали способноста на белите крвни клетки да се борат против вирусите или бактериите кои ја предизвикале болеста. Затоа додека сте настинати стојте подалеку од слатки работи, ако не сакате симптомите да се влошат.

Преработена храна

Не секоја преработена храна е лош избор. Но голем дел од таквата храна содржи многу сол, маснотии и скриени шеќери, а тоа може го одложат заздравувањето на вашиот организам. Имајќи го тоа на ум, солените грицки, засладени безалкохолни пијалоци, „вештачки“ житарки за појадок, сувомеснати производи оставете ги за некои посреќни времиња – кога ќе бидете целосно здрави. Иако, дури и тогаш треба да размислите колку често ви е потребна оваа храна!

слатки

Кисела храна

Што не е во ред со киселите краставички, на нели се зеленчук? Точно, но не заборавајте дека овој зеленчук најчесто се користи во зима како замена за свежите краставици и како таков е корисен. Но, киселиот зеленчук и друга кисела храна не е препорачливо да се користи за време на настинка. Тие содржат многу сол и уште повеќе оцет, а таа комбинација може само да ја интензивира болката во грлото!

Крцкава храна

Ако кашлате или имате болки во грлото, јадењето тврда или крцкава храна како двопек, крекери, чипс може да го иритираат грлото што значи дека проблемите ќе ги пролонгирате за подолго.

Храна што е многу корисна за јадење за време на настинка или грип:

Пилешка супа

Нашите баби го знаеле и применувале ова, а мудроста се наследува од генерација на генерација. Една чинија домашна пилешка супа прави чуда за исцрпениот организам. Го хидрира и го смирува огранизмот. Мудроста на нашите предсци исто така е потврдена со студијата дека пилешката супа има антиинфламаторни својства и докажано помага во симптомите на настинка.

Чили пиперки

Чили пиперките содржат капсаицин кој може да олесни неколку чести симптоми кај настинката. Делува како деконгестив и експекторанс што значи дека делува на отпуштање на носот и помага во искашлувањето.

ЃУМБИР

Ѓумбир

Овој чудесен корен има аналгетски и антиинфламаторни ефекти кои помагаат во борбата против настинка или грип. Ѓумбирот чисти затнат нос, ја потиснува кашлицата и го смирува грлото. Веќе има многу чаеви во кои ѓумбирот се комбинира со разни овошја и билки, но ќе добиете помоќен пијалок ако исецкате суров корен од ѓумбир и неколку минути го варите во вода. Потоа во таа вода, додадете кесичка чај по желба и уживајте.

Печурки

Печурките му носат различни придобивки на организмот. Тие се вистински засилувач на имунитетниот систем и богат извор на селен, магнезиум и цинк. Нивните антивирусни својства ги прават одлична храна во борбата против настинките.

брусница

Брусница

Овие црвени бобинки се полни со витамин Ц и антиоксидансот кверцетин, кој го зајакнува имунолошкиот систем. Во една студија на Универзитетот во Флорида откриле дека испитаниците кои пиеле сок од брусница имале помалку симптоми на настинка од оние кои не пиеле.

Слични објави

(Фото) Јелена Карлеуша брутално му одговори на Душко Тошиќ: Еве што мисли за девојката со која е уловен во Дубаи

еспресо

(Фото) Марија Шерифовиќ го покажа синот: Нежни мигови со слаткиот Марио

еспресо

(Фото) Синот на Драгана Мирковиќ ќе стане милионер: Еве каков бизнис започна, а мама е горда!

еспресо

Астропрогноза за среда, 1 мај: Овните ќе носат одлуки, за Водолиите интересни познанства

еспресо

Цеца одговори дали Вељко ќе добие национална пензија: „Не се потресувајте…“

еспресо

Велика среда: Што (не)треба да се прави на овој ден

еспресо
Се вчитува....