18:10 - 2 април, 2026

Куркумата е многу здрава, но ова се 5 случаи во кои НЕ СМЕЕТЕ да ја користите

Лековитите дејства на куркумата се неприкосновени, но како и за секој природен препарат, така и за неа постои група на луѓе кои не треба да ја консумираат.

Се работи за следниве групи на луѓе:

Трудници и доилки

Тие можат да ја користат како зачин во мали количини, но не и да ја земаат како дополнителен препарат во исхраната. Куркумата ја стимулира матката, може да предизвика нерегуларни крварења, па дури и да ја намали подвижноста на сперматозоидите, во случаи кога парот сака да зачне. Дури и мажите не смеат да претеруваат со неа, доколку планираат семејство.

Камен на жолчка

При оваа состојба, кога лицето има проблеми со жолчната ќеса, најдобро е куркумата воопшто да не се консумира, бидејќи ги интензивира болките.

Камен во бубрег

Претераниот внес на куркума го зголемува ризикот од создавање камен во бубрег. Ако имате семејна историја со создавање камења во уринарниот тракт, внесувајте куркума во сосема мала количина.

Луѓе со дијабетес

Дејството на куркумата кај дијабетичарите е многу истражувано. Заклучокот е дека може да се користи само доколку не користите лекови за дијабетесот, бидејќи во спротивно се зголемува ризикот за хипогликемија.

Луѓе кои треба да бидат оперирани

Ако имате закажана операција, не консумирајте куркума најмалку три недели пред интервенцијата. Куркумата е антикоагулант и може да го отежни зацелувањето на раната.

Слични објави

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Резонантната магнетофореза – современа неинвазивна терапија

Еспресо

Вака подготвениот појадок го држи шеќерот под контрола и го намалува ризикот од дијабетес

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Фејслифтинг – хармонија помеѓу годините и природната убавина

Еспресо

Веќе не е јаболковиот оцет, нов „чудотворен напиток“ се пие за здравје и убавина – експертите предупредуваат да се внимава

Еспресо

Што да јадете ако имате проблеми со холестеролот?

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Менструален циклус – што е во рамките на нормалното?

Еспресо
Се вчитува....