9.8 C
Скопје
10:42 - 11 март, 2026

КОГА Е ВРЕМЕ ЗА ПРОМЕНА НА ШАМПОНОТ ЗА КОСА: Еве зошто е важно да се знае

девојка коса

Како да изберете добар шампон, што треба да содржи, кои состојки треба да се избегнуваат се дел од прашањата што го мачат секој од нас.

Што се случува со нашата коса кога користиме одреден шампон, па за кратко време го менуваме со друг? Дали кога ќе ви се истроши шампонот го купувате истиот, или ја менувате формулата?

Експертите за коса велат дека еден ист шампон би требало да се користи континуирано две до три години. Како главна причина го наведуваат фактот дека на човечкиот скалп му треба време да се навикне на состојките на шампонот.

девојка коса

Многумина мислат дека честото менување на шампон е добро. Тоа е погрешен избор. Косата бавно се навикнува на позитивните ефекти на шампонот.

Со кожата на главата не смеете да експериментирате премногу. Кожата може лесно да се иритира, а постојаното додавање на нови состојки само го ресетира целиот процес и ве враќа на почеток.

Како резултат на тоа може да се појави првут, но и црвенила, иритација на скалпот, а во некои случаи и опаѓање на косата.

коса

Најдобри се природните шампони, кои содржат витамини неопходни за правилен раст на косата, како што се цинк, биотин, аминокиселини и слично.

Морате да внимавате на шампоните кои содржат парабени, сулфати, амонијак, што особено важи луѓето кои користат боја за коса.

Затоа, следниот пат кога ќе застанете пред огромната полица на шампони за коса изберете го вашиот шампон мудро, дајте му шанса и бидете трпеливи!

Слични објави

Џина Џиновиќ избега од Дубаи па објави сексапилно видео во мини бикини

apostolova

Дојдов дома во три и пол сабајле: Наум Петрески откри боемска приказна

msp-admin

„Дрон падна на 600 метри од зградата, сега почнувам од нула“: Ќерката на Ѓоле Ѓогани за ужасот во Дубаи

Еспресо

Хороскоп за 11 март: Девиците да избегнуваат ризични деловни одлуки, Скорпиите ќе започнат нова врска

Еспресо

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо
Се вчитува....