19.8 C
Скопје
20:02 - 2 мај, 2024

ГРИЦКАЊЕТО НОКТИ Е МНОГУ ПООПАСНО ОТКОЛКУ ШТО ВИ СЕ ЧИНИ: Еве на каков ризик се изложувате со таа лоша навика

раце нокти

Не постои човек кој некогаш не си ги грицкал ноктите, но постојат луѓе кои тоа го прават многу често и истите не се свесни на каков ризик се изложуваат. Ако не сакате да им испратите порака на луѓето дека имате проблеми во животот, можеби треба да се откажете од оваа навика. Грицкањето нокти може да биде знак за емоционална нерамнотежа, се вели во една студија објавена во Американскиот весник за ортодонција и стоматолошка ортопедија.

Иако е многу честа појава, грицкањето нокти или онихофагија е еден вид знак дека сте исцрпени или вознемирени и може да предизвика други стресни однесувања поврзани со устата, како што се џвакање моливи, гризење на усните или пушење.

„Покрај тоа што е индикатор за тивок стрес, грицкањето нокти може да предизвика низа здравствени проблеми“, вели д-р Адам Фридман, вонреден професор по дерматологија на Универзитетот Џорџ Вашингтон.

Инфекции

Ако одгризете преголемо парче, чувствителната кожа под ноктот може да ја изложите на бактерии или да си пренесете други патогени во устата. Една од најчестите форми на инфекција е паронихија и може да предизвика оток, црвенило, болка и гнојни грутки.

Воспаление

„Хемискиот состав на вашата плунка овозможува разградување на мастите и другите молекули на храната и иако помага во варењето, може да ја оштети кожата и да предизвика воспаление на прстите. Исто така, лижењето на усните може да предизвика пукање бидејќи плунката ја нагризува кожата“, објаснува д-р Фридман.

Болести

Преносот на бактерии од прстите во устата е опасно. „Нашите раце доаѓаат во контакт со секакви остатоци и патогени, а понекогаш има нечистотија заглавена под нашите нокти“, објаснува д-р Фридман. Ова може да доведе до разни видови инфекции, од обична настинка до сериозен стомачен вирус.

Брадавици на лицето

Брадавици на рацете, нозете и другите делови од телото не се невообичаени. Иако е непријатно, неспоредливо е полошо да се појави на лицето или вратот, а со грицкање на ноктите, инфективниот материјал од брадавицата може многу лесно да се пренесе токму таму.

Проблеми со забите

Хроничното грицкање на ноктите може да го деформира или уништи коренот на забот, предизвикувајќи негово искривување. Може да се појават и фрактури на забите, како и заболување на непцата.

Слични објави

(Фото) Врелите фотки на Ена Попов го запалија интернетот: Пејачката го покажа телото во секси бикини

Еспресо

Наташа Беквалац ослабела 10 килограми: Пејачката откри кои намирници се дел од нејзиното мени

Еспресо

„Ете пак…“: Никола Роквиќ доживеа трогателен момент по патот кон Грција

Еспресо

Синовите на Лепа Брена имаат уште по едно име: Стефан го откри неговото вистинско име и на брат му

Еспресо

(Видео) Горан Бреговиќ ја отсвири песната на Сандра Африка на гитара и ги остави сите зачудени: „Неко че ми ночас направити сина“

Еспресо

Јована Јеремиќ сепак одлучи да не се мажи повторно: Не сакам деца, а бракот не ми е важен

Еспресо
Се вчитува....