22:02 - 8 ноември, 2026

„Жива сум!“: Мина Костиќ го пријави 15 години помладиот дечко во полиција за насилство

Српската пејачка Мина Костиќ го пријави своето поранешно момче, 15 години помладиот Никола, за малтретирање.

Пред неколку дена, односно на 17 јануари, Мина поднела кривична пријава во полиција против својот партнер со кој била во врска нешто повеќе од една година.

Според изворот, поранешното момче на пејачката наводно испраќало заканувачки пораки и правело љубоморни сцени. Во оваа прилика Мина се огласи за српските медиуми, но не сакаше да го коментира немилиот настан.

– Жива сум, сè е во ред. Немам коментар. Кога ќе дојде време, ќе бидете известени. Ви благодарам за разбирањето – изјави таа за „Телеграф“.

Во меѓувреме пејачката даде изјава и за „Република“:

– Точно е дека отидов во полиција, но немаше физичка пресметка, ако ме прашате сега мене. Имаше некое недоразбирање во нашата врска, но тоа е сè што имам да кажам. Не би сакала да пишувам премногу, доста е. Се трудев сè да решам на најдобар можен начин – објасни фолк пејачката.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....