11.8 C
Скопје
02:44 - 7 мај, 2024

Жера и „Црвена јабука“ во Охрид: Имам 500 чифта „старки“, ги чувам во гаража

Дражен Жериќ-Жера, фронтменот на босанската група „Црвена јабука“ која од средината на деведесетите работи од Загреб, на 20 јули наполни 59 години.

Некогашниот тинејџерски идол е сѐ уште актуелен и популарен и завчера со својот бенд одржа концерт во Охрид, во клубот „Егоист“. Не се менува неговиот препознатлив имиџ уште од 1985 година,  фризурата и „старките“ кои се обично црвени, но во Охрид носеше во бела боја. Песните на „Јабука“, едноставните, но убави пораки за љубов кои Жера ги испраќа помеѓу песните ја одржуваат популарноста на бендот кој интензивно снима нови песни и настапува низ цела поранешна Југославија.

Менаџерот на охрискиот клуб, Димитар Џепароски ни кажа дека бендот уживал во охридските специјалитети, но Жера пред да стаса во хотелот побарал да има фен во собата- за да си ја направи стандардната фризура.

Тој е сега татко на близначки кои имаат 14 години, Петреа и Мареа и пред концертот муабетевме кратко.

– Не ми се верува дека имам ќерки од 14 години, пораснаа многу брзо“, ни кажа Жера, а потоа ги искоментира токму неговите „старки“.

– Пред извесно време зборував во една емисија баш, дека имам околу 500-600 чифта старки. Како што времето поминуваше, се оженив, па дојдоа ќерките, мораше да се направи ред и во мојот плакар, па некои од колекцијата мораа надвор. Но, ги чувам уште сите, како колекција, во гаража. А инаку, првите си ги купив во Италија, во Трст, во осумдесетите. Заминав специјално за нив, а ги добив како награда, затоа што бев одичен ученик“, се присети Жера на својата младост во Сараево.

Сега е среќно оженет со Барбара, која е родена во 1988 година. За разликата во години меѓу нив (24), Жера во една прилика кажа дека таа се родила кога тој ги испеал големките хитови како „Зову нас улице“.

На концертот, публиката уживаше во песните со кои многумина растеа, созреваа и се вљубуваа, а Жера често повторуваше: „Ајде, запалете ги телефоните и запалките, за љубовта. Ова се песни од едни посреќни времиња, кога имаше повеќе љубов и почитување“, кажа Жериќ на концертот.

На новиот албум на „Црвена јабука“ насловен „Нека нова јутра“ кој излезе на крајот од минатата година, има и преработка на песната „Ако умрам ил загинам“ од Јонче Христовски. Жера и бендот, оваа песна ја оставија за крај, а публиката ги следеше, плескајќи во ритамот на 7/8. Отсвиреа и дел од песната „Македонија“ на „Тајм“ и Дадо Топиќ, што беше уживање за публиката како и целиот концерт во еден убав и романтичен амбиент, со Охридското езеро и светлата на градот во позадина- точно погоден за со песните на „Црвена јабука“.

Насловна фотографија: Жера со познатиот струшки диџеј и менаџер Славе Ќелешоски кој живее на релација Америка- Македонија

Слични објави

Северина: Порно филмот ми го одбележа почетокот на триесеттите, најлошо ми беше како ќе реагираат моите соученици

Еспресо

(Фото) Марко Новески позира со близначињата: „Мојата дупла среќичка“ 

еспресо

(Видео) „Не знам дали е шок за телото, но…“: Никола Роквиќ едвај дише, но не се откажува од патот до Грција

jasmina.kantardzieva

(Фото) Брена позира на луксузна јахта вредна неколку милиони: Им пркоси на годините

еспресо

Организаторите на Евровизија: Исклучувањето на Израел би било политичка одлука

еспресо

Јелена Карлеуша за Драгана Мирковиќ: „Слободно јави ми се, не кревај раце од мене!“

еспресо
Се вчитува....