13:37 - 10 ноември, 2026

Жените инспирирани од задникот на Ким Кардашијан, купуваат „смртоносни“ апчиња за зголемување на своите атрибути!

Жените кој преку онлајн сајтови нарачуваат таблети за да го зголемат својот задник, можат да си го загрозат животот, предупредува врвен стручњак.

На интернет е достапен цел асортман производи кои наводно ја поттикнуваат бујноста на женските атрибути, а наведува и дека „клинички е докажано зголемувањето и волуменот на задникот“.

„Секој лек кој не е заведен во регистарот за лекови, не е сигурен, бидејќи луѓето не знаат која е содржината на таквите таблети и нивното консумирање може да доведе до труење или смртоносни алергиски реакции“, изјави докторот Рошан Равиндран, водечки лекар по општа пракса, кардиологија и естетика.

View this post on Instagram

Cabo

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian) on

Тој ги предупреди жените никако да не ги користат непроверените медикаменти.

„Се повеќе луѓе бараат нови начини да добијат атрибути како оние на Џенифер Лопез или Ким Кардашијан. Но, морате да бидете внимателни и да се тргнете од т.н „магични пилули“ кои се продаваат преку интернет без потврда дека се сигурни или ефикасни“, нагласува Равиндран.

Британскиот „Sun“ пишува дека е изненадувачки воопшто да се помисли на консумирање одредена состојка која специфично „цели“ кон еден дел од телото, како задникот, и да го промени неговиот облик или големина, но за жал во тие работи веруваат потрошувачите.

„Најдобро е да се побара совет од доктор по естетска медицина, кој ќе ви помогне на побезбеден начин да го добиете посакуваниот облик на телото“, заклучи докторот Рошан.

Слични објави

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.

(Фото) Македонската ѕвезда на „Гранд“ — Андријана Петрушовска го прослави 27. роденден во бел сатенски корсет и бордо панталони

К.С.
Се вчитува....