Славниот италијански пејач кој минатата година одржа спектакуларен концерт и во Скопје, Ерос Рамацоти, се огласи на Инстаграм, истакнувајќи поддршка во врска со битката против коронавирусот и тешката ситуација која моментално владее во неговата земја.

Ерод  испрати безусловна поддршка до својот народ истакнувајќи дека „ако се придржуваме кон правилата и законите, брзо ќе го победиме вирусот“.

„Само ако се придржуваме кон правилата и законите, може да придонесеме што побрзо да го победиме вирусот“, напиша на Инстаграм популарниот пејач.

Покрај Ерос, многу други музичари и воопшто јавни личности од сите краеви на светот се приклучуваат кон апелот да се остане дома, во карантин, како една од мерките да се спречи ширење на смртоносниот коронавирус.