15.8 C
Скопје
20:34 - 19 октомври, 2026

ЗЕЛЕНСКИ: „Битката за Донбас започна, но ќе се бориме до крај“, „ова е одлучувачка битка!“

Претседателот на Украина, во својата вообичаена вечерна порака, ги повикува војниците и цивилите да се борат во она што ветува дека ќе биде одлучувачка битка за судбината на војната: „Без разлика колку војници се довлечени таму, ние ќе се браниме“.

„Битката за Донбас започна“ – ова го објави претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во вообичаената вечерна видео-порака објавена на неговата страница на Фејсбук, додавајќи дека „Русија концентрираше значителен дел од своите сили за офанзивата на Исток“.

Но, веднаш посочува шефот на украинската држава, „колку војници и да се довлечат таму, ние ќе се браниме. Ќе се бориме. Ние нема да се откажеме од ништо украинско “.

Потоа тој продолжува: „Нема да добијат ништо од Украина, благодарен сум на сите наши бранители, на сите наши градови во Донбас и во регионот Харков кои сега им се спротивставуваат на силите на окупаторот“.

Зеленски додава: „Руската армија не ја намалува количината на ракети што ги истрелува врз Украина“; и дека „кога санкциите ќе бидат уште построги, ќе биде невозможно да се модернизира военото производство“.

„Сите овие напади ќе доведат до „демилитаризација“ на самата Руска Федерација. Што инаку, Путин тоа го посакуваше за Украина заедно со „деназификација“ на почетокот на специјалната воена операција започната на 24 февруари – објаснува претседателот Зеленски.

 

Слични објави

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.

(Фото) Елена Најдоски се затекна во Париз за време на немирите: „Едвај чекам да се вратам во Македонија“

К.С.

Дали ја потврди врската со 25 години помладиот Александар? Карлеуша: „Постарите мажи не чинат за ништо“

Еспресо
Се вчитува....