15:29 - 9 ноември, 2026

ЗА ВРЕМЕ НА КОРОНАКРИЗАТА СЕ БАРАШЕ ТОАЛЕТНА ХАРТИЈА, СЕГА СЕ БАРА ЈОД: Ова е искуството од познатата хрватска глумица!

Стравот од нуклеарна војна ја зголеми побарувачката за јод, калиум јодид и слични производи насекаде низ Европа.

Но, лекарите се едногласни во предупредувањето дека никој не смее сам да зема на „своја рака“ препарати со јод бидејќи тие можат да ја загрозат функцијата на штитната жлезда.

Сепак, многумина веќе почнаа да ги набавуваат овие производи, а меѓу нив е и хрватската глумица и инфлуенсерка Петра Куртела.

– Ми рекоа дека јод се добива на рецепт, па ете, да ви го заштедам времето. Аптекарката ми кажа и дека лицата постари од 40 години не би требале да земаат јод бидејќи е поголем ризикот од земање на јод отколку од радијацијата, напиша Петра на социјалната мрежа Инстаграм, а еден од нејзините бројни следбеници ѝ препорача да не шири паника.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Petra Kurtela (@petrakurtela)

Малку подоцна Петра ја објаснува целата ситуација дека нема никаква смисла да се бара јод и дека било глупаво од неа да го прави тоа што сите го прават, а не би требале, пренесува порталот „слободна далмација“.

Инаку, претењето на рускиот претседател Владимир Путин и неговиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров дека наводно може да се случи и нуклеарна војна, предизвика голема психоза кај граѓаните и во аптеките се бара јод како превенција од радијација.

Слични објави

Војаж се сврши со девојката – дијамантски прстен блесна на раката на неговата избраничка, која му роди дете

Еспресо

(Фото) Тажен ден во семејството на Мерима Његомир: Ќерката на покојната пејачка се огласи со трогателни зборови

Еспресо

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.

„Ме нарекуваа селанче и ми се потсмеваа поради фолклорот“: Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството

К.С.

Старинска штрудла со кисела зелка и сланина — крцкаво есенско задоволство што мириса на домашна кујна

К.С.
Се вчитува....