04:35 - 28 ноември, 2026

ВУЧИЌ и ПУТИН на телефон: Еве за што разговарале и што анализирале

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска разговараше со претседателот на Русија, Владимир Путин.

Како што дознава српскиот медиум „Ало“, завршил разговорот меѓу претседателот на Србија, Александар Вучиќ и претседателот на Русија, Владимир Путин.

Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин во телефонски разговор му честитал на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ за убедливата победа на претседателските избори и за многу значајната победа на СНС на парламентарните избори.

Во оваа прилика на претседателот Вучиќ му посакал среќа и успех на одговорната функција шеф на државата и напредок на Србија во следните пет години, со убедување дека Србија и Русија ќе ги зачуваат вистинските пријателски односи. Претседателот Вучиќ се заблагодарил за честитките и рекол дека Република Србија ќе продолжи да ја води политиката на европски пат, притоа зачувувајќи ги своите искрени и традиционални пријателски односи со Руската Федерација.

Двајцата претседатели ја анализирале економската состојба и билатералните односи во областа на енергетиката и трговијата, кои бележат раст во 2021 година и првите два месеци од 2022 година, што е добар знак за нивната успешна соработка.

Претседателот Вучиќ го информирал претседателот Путин за тешкотиите со кои се соочува Србија при увозот на сурова нафта и изразил уверување дека раководството на Гаспромњефт и Република Србија, како и партнерите од ЕУ, ќе најдат излез од таквата ситуација.

Путин го информирал Вучиќ и за настаните во Украина и причините според кои Русија се раководи за спроведување на таканаречените „операции“ во Украина, а претседателот Вучиќ пак, се повикал на веќе добро познатите ставови на Србија и на заклучоците на Советот за национална безбедност, изразувајќи надеж дека конфликтот во Украина ќе заврши што е можно поскоро, пренесува „ало“.

Слични објави

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо
Се вчитува....