18.9 C
Скопје
06:00 - 8 јуни, 2026

Во сабота во Галеријата на МКЦ: Изложба на фотографии на Оливер Белопета – „Поради џезот“

На 10 декември (сабота), во 19 часот во Галеријата на МКЦ ќе биде отворена изложбата на фотографии на Оливер Белопета „Поради џезот / Because of Jazz“.

Оваа изложба, под кураторство на Жига Коритник, беше поставена во 2017 година, во Галеријата на Цанкарјев дом во Љубљана. Станува збор за селекција од 30 дела од богатата ризница фотографии на Оливер Белопета, направени во период од 2009 до 2016 година, на различни локации и музички фестивали ширум светот. Изложбата, дополнета и повторно курирана од Жига Коритник, а реализирана во соработка со Младинскиот културен центар и Скопскиот џез фестивал, ќе биде поставена во Галеријата на МКЦ до 23 декември.

„Освен неговата љубов за добрата музика и дизајн (во мноштвото други интереси), јас особено се гордеам со Оливер како фотограф. Свесен сум за богатството на неговиот живот, што го почуствував уште од почетокот на нашата соработка. Дури уште тогаш му се понудив да му ја разгледам архивата и да му одберам фотографии за изложба. Сепак, помина многу време додека конечно ме покани да ја курирам неговата изложба на Љубљанскиот џез фестивал во 2017 година. Се изненадив кога ја добив неговата поширока селекција на фотографии, коишто покажуваа техничка и содржинска перфекција. Ги одбрав овие фотографии за убаво да се впијат во галерискиот простор, што се покажа како тешка задача, бидејќи ги имаше толку многу и толку интересни! Потоа го предложив насловот на изложбата. Мислам дека имаме среќа што можеме да погледнеме макар и само мал дел од фотографскиот живот на Оливер.“ (Жига Коритник, фотограф)

„Само еден краток поглед кон фотографиите на Оливер Белопета од бројните светски подиуми ја открива токму таа сјајна разноликост и непредвидливост на музицирањето, на хетерогеноста на талентот што тој умее во целост да ја почитува и да ја промовира на неговите концерти. Ликовите на фотографиите се, главно, познати музичари, млади и стари, сосредоточени и спонтани, разиграни и задлабочени, посебни, но истовремено и толку обични во уметничкиот и во приватниот живот. А сепак, нивната подготвеност да го направат следниот чекор е очигледна – желбата да креираат нов звук и да зачекорат во нови музички пространства.“ (Ичо Видмар, новинар)

„За изложбата на фотографии ‘Поради џезот’ познатиот фотограф од Љубљана Жига Коритник курира избор од богатата колекција на црно-бели фотографии на Оливер Белопета, направени низ годините на различни места. Оливер Белопета е директор на Џез фестивалот во Скопје, а некое време беше и уметнички директор на фестивалот во Љубљана. Ја има привилегијата лично да контактира со многу музичари. Неговите фотографии покажуваат фасцинантна комбинација од респект кон познатото и возбудливи, изненадувачки проникнувања.“ (Хенинг Болте, All About Jazz)

Слични објави

Вака живее Украинката Јана, „најскапата љубовница на светот“ – За еден ден со неа шеикот плаќа и до 5000 евра

Т.Ц.

„Повеќе би избрала врска за една вечер отколку четврти брак“: Наташа Беквалац откри што мисли за љубовта по трите разводи

Еспресо

„Магични моменти“: Дозволете ни да ја претвориме вашата љубов во свадбена магија, додека вие уживате во секој беспрекорно осмислен момент

Еспресо

Овие три хороскопски знаци можат најлесно да бидат заведени на летување

Т.Ц.

(Видео) „Момче, го спаси летото“ :Јаков Јозиновиќ објави дел од новата песна, за 24 часа собра речиси 800.000 прегледи

Еспресо

Харис Џиновиќ откри дека синот Кан не е во контакт со Мелина: „Како ќе ѝ се јави на мама? Нема мама телефон“

Еспресо
Се вчитува....