16:37 - 8 ноември, 2026

(Фото) Кој е нова љубов на Џенифер Анистон: И тој е ѕвезда како неа, башка и згоден е!

Актерката Џенифер Анистон неодамна флертувала со познат актер, а тоа ги подгреа гласините дека тие двајца се всушност во врска.

За кого станува збор?

Анистон на својот Инстаграм профил сподели клип на кој се гледа како продава протеински производи од компанија со која актерката од серијата „Пријатели“ склучила деловно партнерство пред две години. Во видеото, на штандот пристигнува и актерот Џон Хам. Додека двајцата разговараат, актерката лежерно го фрла својот кардиган преку рамениците за да го открие исончаниот дел од телото, а гестот изгледа како флерт.

Поради оваа причина, многумина се прашуваат: дали таа флертува со ѕвездата на „Mad Men“?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston)

Но, како што пренесува Daily Mail, Хам долго време е во врска со актерката Ана Осчеола. Во септември тој зборуваше за тоа како е „многу заљубен“ во својата девојка. Тој тогаш изјави дека врската станала „уште позначајна“ за него и дека е отворен за брак, дефинирајќи нова верзија на среќа, живот и благосостојба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Hammiverse (@jon_hamm)

Во животот на Џенифер Анистон сигурно би требало да има место за нова љубов. Таа е разведена од поранешниот сопруг Џастин Теру од 2017 година. Двајцата беа во брак две години. Пропадна и нејзиниот прв брак со Бред Пит, кој траеше од 2000 до 2005 година.

Слични објави

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.
Се вчитува....