03:56 - 29 ноември, 2026

„Во кревет со Меган Маркл“, глумецот сепак одбил да зборува, тоа би било хаос за кралското семејство

Тензиите меѓу Мерган Маркл и британските таблоиди не стивнуваат.

Неодамна огромна сума пари му биле понудени на глумецот Сајмон Рекс за да зборува за наводната врска со Меган Маркл. Ова го потврди и Маркл која му се заблагодари на колегата што ја одбил понудата од страна на таблоидите.

На актерот Сајмон Рекс, всушност, му биле понудени 70.000 долари за да тврди дека имал љубовна врска со Меган Маркл. Наводната врска се случила во времето кога таа сè уште беше активна како актерка во Америка, а со Сајмон снимила една епизода во 2005 година.

Во едно неодамнешно интервју објавено од Гардијан, Сајмон Рекс рече дека му понудиле 70.000 долари од неколку британски таблоиди за да каже дека бил во врска со Меган Маркл кога таа сè уште била актерка. Сепак, Сајмон откри дека тој и Меган никогаш не отишле подалеку од пријателски ручек. Така тој ја одбил понудата на таблоидот иако многу му требале финансиски средств токму во тој момент.

„Бев скршен! Навистина ми требаа пари “ – открива глумецот кој сепак, ја одбил примамливата понуда. Според неговата верзија на настаните, затоа, чесноста му донесе благодарница од самата Меган Маркл.

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....