03:59 - 29 ноември, 2026

Вишиот суд заклучи дека Мирослав Илиќ и Девин се татко и син: Мирјана Антоновиќ ја објави радосната вест

Мирјана Антоновиќ, која со години го тужи пејачот Мирослав Илиќ за татковството на нејзиниот син Девин, откри дека Вишиот суд во Белград по втор пат одлучувал во корист на неа и на нејзиниот наследник.

Имено, Мирјана Антоновиќ се огласи на Фејсбук и изјави дека Вишиот суд по втор пат заклучил дека Девин и Мирослав се татко и син.

„Добро утро, драги пријатели! Дозволете ми брзо да ве информирам дека Вишиот суд во Белград, по втор пат, одлучи во НАША корист. Мирослав во медиумите изјави дека не разбира како судот може да дојде до одлуката дека тој е таткото на Девин без негова согласност да обезбеди ДНК. Кога маж користи и се крие зад застарен закон и одбива да ја даде својата ДНК, судот мора да одлучи врз основа на сведоци, слики и многу други докази. На крајот на краиштата, Високиот суд, по втор пат заклучи дека Девин и Мирослав, се татко и син. Нема да верувате!!! Мирослав повторно поднесе жалба до Апелациониот суд. Се надеваме дека неговите во Апелациониот суд ќе бидат фер и конечно стават печат на празните манипулации на Мирослав“, напиша таа.

Да потсетиме, Мирослав Илиќ генерално не сакаше да зборува јавно на оваа тема, но во една прилика истакна дека сопругата 50 години го поддржува во сѐ и дека никаква пресуда нема да влијае на нивната врска.

Мирјана и Девин живеат во Америка, а во Србија доаѓаат само на судските рочишта.

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....