19:20 - 8 ноември, 2026

(Видео) Започна судењето на Северина, испратила преку 150 пораки до директорките: Бабо би те задавила со раце…

Северина денеска седна на обвинителна клупа на Општинскиот кривичен суд во Загреб, година и пол по покренувањето на обвинение за наметливо однесување кон директорката на основното училиште, Лиљана Клингер и поранешната директорка Градската поликлиника за заштита на деца и младинци во Загреб, Гордана Буљан Фландрија. Во судницата ја поддржувала нејзината пријателка Зинка Бардиќ.

Пејачката на двете директорки им испратила преку 150 пораки со несоодветна и наметлива содржина, а за разлика од Клингер (директор на училиштето), која одговарала на некои нејзини пораки и во исто време ја молела да престане да ги праќа, Буљан Фландер воопшто не одговорала на пораките од пејачката.

„Дотичните госпоѓи внимателно му пишаа на главниот државен правобранител, лично и побараа да се позанимаваат со мене. И еве сум јас на суд, наместо тие да бидат предмет на истрага бидејќи работеле незаконски од позиции на власт“, изјавила Северина.

„Воопшто не се чувствувам виновна и мислам дека тие две дами требаше да бидат на мое место, од кои едната ја нареков кривонога баба, бидејќи во Сплит навистина имаме секакви изрази“, додаде таа.

Северина на судот пристигна во придружба на нејзината пријателка Зинка Бардиќ.

Во 2021 година беа објавени пораките што Северина и ги праќала на Љиљана Клингер, директорката на училиштето во кое учи нејзиниот син Александар, во кои таа ја нарекува „стара кривонога баба“ и ѝ вели дека би ја „задавила со раце“.

Слични објави

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо
Се вчитува....