23.8 C
Скопје
14:32 - 29 септември, 2026

(Фото) Лазар Ристовски сосема гол во новата серија: Актерот го покажа телото на 71 година

Српскиот актер Лазар Ристовски (71) заедно со поранешната сопруга Даница и синовите Петар и Јован вчера присуствувале на прес-конференција по повод почетокот на емитувањето на новата серија „Тунел“.

Лазар и Даница глумат заедно во споменатата серија, а актерот во една сцена целосно се разголил.

Имено, сцената е снимена во ординација каде Лазар го прегледувал лекар, тој не носел ништо во таа сцена, па славниот актер со овие кадри привлече големо внимание.

Инаку, на прес-конференцијата Даница и Лазар седеле одделно. Даница била цела во црно, таа седела до синот Јован Ристовски, а Лазар седел со другиот син Петар, кој ја водел конференцијата и кој воедно и ја режирал серијата.

Да потсетиме, Лазар неколку месеци по разводот се впушти во нова романса, со 39 години помладата колешка Аница Лазиќ, со која сподели и заедничка фотографија на Инстаграм.

Тој за српски „Блиц“ откри дека е среќно вљубен во својата нова партнерка, што може да се заклучи и од профилите на социјални мрежи, каде често ги коментира нејзините фотографии и ѝ се обраќа со „Среќа“ и „Љубов“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anica Lazic (@anicalazicofficial)


Привлечени од информацијата дека живеат заедно во Белград на вода, а се гледаат и во неговата семејна куќа во Земун, екипата на „Блиц“ одлучила неодамна да ја посети населбата на актерот.

– Сè додека не се појави информацијата во медиумите, не обрнувавме внимание, ги гледавме заедно но не мислевме дека се пар.

– Претпоставувам затоа што таа е многу помлада, а искрено не знаев дали има ќерка, па мислев дека тоа е едно од неговите деца. Сега кога знам, сигурен сум дека живеат таму – рекол еден од соседите, Данило, додека неговата девојка Маја додала:

– Во овие згради живееме подолго време, а мислам дека тој се всели неодамна. Не знам дали веднаш се преселила кај него, но тука е. Можете лесно да ги видите во блиските кафулиња или како се шетаат низ трговскиот центар.

Слични објави

(Фото) Моделот Елена Ѓорговска „растури“ на Октоберфест — во баварска носија наздрави со пиво наместо со шампањ

Еспресо

Кеба за првпат проговори за обвинувањата и местенките во „Ѕвездите на Гранд“

Е.А.

(Фото) Ева Нединковска се омажи за саканиот Филип — ќерка ѝ Ена во бел фустан покрај мајка си

Еспресо

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Сања Вучиќ ја замени Ана Бекута во „Ѕвездите на Гранд“: Откри дали се слушнале по нејзиното заминување

Еспресо

„Еве ме пак“: Каролина Гочева повторно ужива во Прага

Еспресо
Се вчитува....